На претстојниот ИФФК „Браќа Манаки" 95 филмови во 14 програми

На годинешниот „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 22-ри до 29 септември ќе бидат прикажани речиси 95 филмови под слоганот „Симнуваме капа“. 

Фестивалот во Битола на 22 септември ќе биде отворен со новиот краток игран филм „Љубовникот“ на Игор Иванов-Изи.

Првата фестивалска вечер ќе продолжи со проекција на „Истребувач 2049“ во чест на оскаровецот Роџер Дикинс, годинашен добитник на „Златна камера 300“ за животно дело, кој токму за овој филм го доби оскарот по 13 номинации.

Фестивалот на 29 септември ќе заврши со доделување на наградите од главната програма, а за затворањето ќе биде прикажан краткиот филм „Скаут“ на македонскиот режисер Алекс Цветков кој живее во САД. 

Денеска ќе се знае новиот британски премиер

Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.

Околу 160.000 членови на британската владејачка конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.

Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор,  е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се сретне со директорите и вработени во детските градинки. 

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките информираат од ресорното министерство.

Самостојна изложба со иконографскa резба на Мирче Аврамоски

Прва самостојна изложба на иконографска резбарија на Мирче Аврамоски ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија во Тетово.

Ќе бидат претставени 40 икони изработени со резба на ореово дрво кои се дело на 34-годишниот Аврамоски.

Иконите ќе бидат изложени една недела, односно до следниот вторник, 30-ти август. /МИА

притисни ентер