Бебе се родило во воен хеликоптер

На пат од хрватскиот остров Раб  кон болницата во Ријека , Луција Брњац родила здраво девојче во хеликоптер.

Во хеликоптерот на военото воздухопловство на итниот медицински лет од островот Раб се роди женско бебе. Мајката се породила пред слетувањето на хеликоптерот во болницата во Ријека , а ја породиле членовите на екипажот. капетанот на хеликоптерот Крешимир Абрамовиќ изјави дека тоа е едно од искуствата што сигурно ќе ги памети цел живот , а најважно е мајката и бебето да се добро.

Мајката Луција им се зсаблагодари на членовите на екипажот . Таа веќе има две деца , а третото вели дека на неверојатен начин го родила ,,во воздух”. И докторите во болницата во Ријека го пофалија екипажот на добро извршеното породување.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Новинар е убиен во трговски во Колумбија, зашто пишувал за корупција- десет луѓе немо посматраа

Новинарот Хаиме Васкез (54) е убиен во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела, а се претпоставува дека причината поради која бил нападнат е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.

Тој бил адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.

Претседателот наредил „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.

Доказите, во форма на видео снимки, објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хаиме Васкез бил убиен во неделата во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.

Хаиме бил љубител на „истражување и истакнување во јавните дебати каде што даваше одговори на прашања за кои многу луѓе не сакаат да зборуваат“, рече Џонатан Мохика, пријател на Хаиме Васкез.

Новинарот правел емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборувал за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.

„Постојано добиваше закани поради неговите откритија“, рече Мохика.

Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

„Работата на Хаиме Васкез, која откри неправилности во јавните договори и коруптивни практики, го направи многу познат“, соопшти Фондацијата.

Според нивните податоци, дури 163 новинари добиле закани во текот на 2023 година.

Новиот електричен Maserati GranCabrio Folgore за целосно визуелно уживање (ФОТО)

Убавицата на Maserati вози на струја, нуди врвни перформанси и целосно визуелно задоволство.

Новото Maserati е доказ дека дури и електричниот погон може да поигрува со емоциите и на најжестоките љубители на суперспортски автомобили. Кога автомобилот изгледа како новото Maserati, тогаш може да му се прости отсуството на соодветна звучна сцена, некогаш V8 мотор, а денес подеднакво импресивен V6 Nettuno.

GranCabrio ја доби верзијата Folgore, што значи дека прекрасниот кабриолет доби електричен погон. Се состои од конфигурација со три електромотори (3x300 kW) и максимална моќност од 830 КС и 1350 Nm. До 100 km/h стигнува за 2,8 секунди, а максималната е 290 km/h.

Во споредба со класичниот GranCabrio, електричната опција има малку изменет преден дел, а со тоа и поаеродинамична форма. Да го додадеме малку неочекуваниот избор на гуми со помал отпор на тркалање, сè со цел да го доведеме дофатот до попристојни вредности. Возат од 419 до 447 km со капацитет на батерија од 92,5 kWh (нето 83,5 kWh), кој може да се полни со моќност до 270 kW.

Некои модерни времиња и во кабината. Дигиталниот кокпит со 12,2-инчен екран е надграден со 12,3-инчен инфозабавен екран и дополнителен 8,8-инчен екран. Аудио системот е потпишан од Sonus, се нуди телеметрија, а опремата е првокласна.

И она што е важно, при брзина до 50 km/h, покривот се отвора за 14 секунди, по што можете да уживате во тивкото крстарење по кривулестите патишта. Истовремено, вратовите на патниците ќе се загреваат со оптимизираната клима.

притисни ентер