Швајцарија забрани три германски дизел – возила

Швајцарските власти од утре не дозволуваат регистрација на одредени модели дизел автомобили на Мерцедес и Порше.

Поради преголеми емисии на штетни материи , во Швајцарија нема да се дозволи возење на одредени видови дизел автомобили. Забранети се Mercedes Vito и СУВ моделите на Porsche и тоа Cayenne и  Macan со дизел мотори.

Според швајцарската агенција за патишта , овие автомобили повеќе ја загадуваат животната средина , отколку што тоа го навеле производителите во официјалната документација.

Забраната стапува на сила утре , 17 август, и се однесува на  Mercedes Vito со 1,6 литарки дизел агрегат , потоа за Porsche Macan со 3,0 литарски V6 дизел мотор и уште посилниот Cayenne со 4,2 литарски V8 дизел мотор.

Овие три модели нама да може да се регистрираат во Швајцарија , а веќе регистрираните возила и натаму ќе може да се возат низ земјата под услов да ги прилагодат емисиите на штетни гасови со локалните стандарди.

Двата модели на Porsche веќе нес е произведуваат во дизел верзија , така што забраната се однесува на постари модели .

Видео - Фото: Џеј Ло на шипка,подготовка за улога во филм!!

Вака една од најпосакуваните и најатрактивни жени на светот се подготвува за улогата во новиот филм.

Таа се мачи јавноста и медиумите уживаат.

Светската ѕвезда Џенифер Лопез  објави видео од пробата за снимање на поедини сцени во новиот филм. Станува збор за филмот „ Hustlers".

Џеј Ло  започна да учи да игра на и околу шипка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jennifer Lopez a lezione di pole dance: a 49 anni è più sexy che mai @jlo @blitztvit #jlo #blitztv #poledancelife

A post shared by BlitzTV (@blitztvit) on

Фото: Линдзи Вон во бело

Сите гледаа во неа, легендарната американска скијачка , големата шампионка Линдзи Вон предизвика воздишки на доделувањето на Лауреус наградите.

На церемонијата на доделување на  годишните награди на најдобрите светски спортисти во организација на академијата Лауреус , американската скијачка Линдзи Вон  блесна во супер провокативен и атрактивен фустан.

Белиот фустан ги откри и истакна сите атрибути на русокосата спортистка , Вон во Монако предизвика лавина од воодушевување кај сите присутни на церемонијата.

ПОЛНЕТ КРАП

Рецепт на: Ленче Чолаковска

Потребни состојки: 1 крап, 1 кг.кромид, 3 китки магдонос, 2 чешни лук, 2 лажици црвен пипер, малку брашно, малку масло, сол и зачин од сув зеленчук по вкус.

Постапка:

Во тава со загреано масло се пржи исечкан кромид се додека не омекне.

Се додава 1 лажица црвен пипер и 3 китки сечкан магдонос.

Откако ќе се пропржат состојките се ставаат во тепсија.

Исчистениот крап се полни со половина китка магдонос и 2 чешни лук.

Потоа се става во тепсијата со пропржениот кромид и магдонос и се полева со вода.

Смеса од половина шолја масло и 1 лажица пипер се полева врз крапот.

Врз крапот се посипува малку брашно.

Тепсијата се покрива со фолија и крапот се пече опколу 20 минути во загреана рерна.

Потоа фолијата се отстранува и се продолжува со печење уште 20 минути.

притисни ентер