Не смее да излезе на улица , а го пропатувала светот

Американката Џеки Кени страда од агорафобија , страв од отворен простор , но од секогаш сакала да го пропатува светот.

Иако Џеки речиси и да не излегува од дома, успеала во намерата. Таа направила фантастични фотографии од целиот свет што ги објавува на Инстаграм. Оригиналноста на оваа жена е во тоа што фотографиите ги слика со помош на Google Street View. На овој алтернативен начин на виртуелно патување ги гледа сцените што во живо и се недостапни.

,,Можностите на Google Street View ме одушевија. Почнав да кликам на картата и да стигнам во земји како Монголија , Сенегал или Чиле. Ги пропатував далечните градови , видов прекрасни архитектонски бисери и анонимни луѓе застанати во времето. Почнав да правам скриншотови да ги забележам преубавите моменти од овој паралелен свет .”, вели жената која не излегува од дома.

Освен на Инстаграм , Џеки продава лимитирани колекции на маици со принтови , а средствата од нив го наменила за истражување на агорафобијата.

Видео - Фото: Џеј Ло на шипка,подготовка за улога во филм!!

Вака една од најпосакуваните и најатрактивни жени на светот се подготвува за улогата во новиот филм.

Таа се мачи јавноста и медиумите уживаат.

Светската ѕвезда Џенифер Лопез  објави видео од пробата за снимање на поедини сцени во новиот филм. Станува збор за филмот „ Hustlers".

Џеј Ло  започна да учи да игра на и околу шипка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jennifer Lopez a lezione di pole dance: a 49 anni è più sexy che mai @jlo @blitztvit #jlo #blitztv #poledancelife

A post shared by BlitzTV (@blitztvit) on

Фото: Линдзи Вон во бело

Сите гледаа во неа, легендарната американска скијачка , големата шампионка Линдзи Вон предизвика воздишки на доделувањето на Лауреус наградите.

На церемонијата на доделување на  годишните награди на најдобрите светски спортисти во организација на академијата Лауреус , американската скијачка Линдзи Вон  блесна во супер провокативен и атрактивен фустан.

Белиот фустан ги откри и истакна сите атрибути на русокосата спортистка , Вон во Монако предизвика лавина од воодушевување кај сите присутни на церемонијата.

ПОЛНЕТ КРАП

Рецепт на: Ленче Чолаковска

Потребни состојки: 1 крап, 1 кг.кромид, 3 китки магдонос, 2 чешни лук, 2 лажици црвен пипер, малку брашно, малку масло, сол и зачин од сув зеленчук по вкус.

Постапка:

Во тава со загреано масло се пржи исечкан кромид се додека не омекне.

Се додава 1 лажица црвен пипер и 3 китки сечкан магдонос.

Откако ќе се пропржат состојките се ставаат во тепсија.

Исчистениот крап се полни со половина китка магдонос и 2 чешни лук.

Потоа се става во тепсијата со пропржениот кромид и магдонос и се полева со вода.

Смеса од половина шолја масло и 1 лажица пипер се полева врз крапот.

Врз крапот се посипува малку брашно.

Тепсијата се покрива со фолија и крапот се пече опколу 20 минути во загреана рерна.

Потоа фолијата се отстранува и се продолжува со печење уште 20 минути.

притисни ентер