МВР : Набавката на униформи и опрема е во тек и продолжува во наредниот период

Во јуни 2017 година во Министерството за внатрешни работи беше затекната состојба на сериозен  недостаток на униформа и ненавремено обновување на истата на сите полициски единици, се наведува во реакцијата на МВР.

Поради тоа , во Планот за јавни набавки на Министерството за внатрешни работи за 2018 година се предвидени вкупно 18 постапки за набавка на униформа и делови на униформа, кои Одделот за општи и заеднички работи ги има започнато согласно процедурите за набавка соодветно на видот на постапките. Изминатиов период беше извршена набавка на комплет униформа и истата веќе е испорачана за припадниците на ЕСЗ за урбани средини, комплет униформа за рурални средини, ремени за сите полицајци, како и комплет униформа за воздухопловниот персонал. Исто така потпишани се договори за набавка на зимски панталони и здолништа во вредност од 13.947.600,00 денари со ДДВ, кожни ракавици за сите припадници на полиција во вредност од 11.112.650,00 денари со ДДВ, како и наменски ракавици за сообраќајна полиција кои ќе бидат испорачани до крај на месец октомври во вредност од 552.851,80 денари со ДДВ. Постапките за набавка на високи специјални чизми со планирана вредност од 30.000.000 денари без ДДВ и џемпери за припадници на МВР со планирана вредност од 10.000.000 денари без ДДВ, моментално се во фаза на евалуација и доколку биде извршен избор ќе се склучат договори за испорака на 7.000 пара чизми и 7.000 парчиња џемпери до крајот на годината. Постапките за набавка на виндјакни со планирана вредност од 45.000.000 денари без ДДВ, вратоврски-3.000.000 ден; кошули со долги и кратки ракави- 1.200.000 ден; маици со кратки ракави- 4.000.000 ден и “БК“ капи летни и зимски - 8.000.000 ден. (по 7.000 пара/парчиња од секој вид летни и зимски, потребна количина за сите припадници на полицијата) беа објавени и поништени бидејќи немаше ниту една понуда која во целост ги исполнуваше барањата од Правилникот за составот, квалитетот и кројот на униформата и ознаките на униформата на полицијата (“Службен весник на РМ“, бр.171 од 09.09.2016). Истовремено, во тек е постапката за набавка на летни, зимски и свечени чевли (вкупно 21.000 пара) со вкупна планирана вредност од 21.000.000 ден.; опасачи со вкупна планирана вредност од 17.500.000 ден. Планирани се и набавки на теренска униформа со вкупна вредност од 42.000.000 за 7.000 комплети (кошула, панталони, капа), свечена униформаза 3.000.000 ден; набавка на амблеми и ознаки на чинови за 8.000.000 ден., униформа за ЕБР и ПЕП во вредност од 136.000.000 денари и работно заштитна облека за работниците во специјални служби во вредност од 30.000.000 денари. Со цел задоволување на итните потреби од основна униформа на 1.200 нововработени припадници на полиција кои поради недостиг од униформа ја користат работната униформа од обуките, во итна постапка набавени се и испорачани по 1.200 пара/парчиња маици со кратки ракави, кошули, кратки јакни, вратоврски, и во секој момент се чека испорака на чевли и опасачи, по што истата ќе биде поделена на нововработените полицајци. Вредноста на оваа набавка изнесува 14.000.000 денари со ДДВ.

Сите овие набавки се планирани со однапред обезбедени средства од Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2018 година, и се спроведени во првите шест месеци од тековната година. Согласно Планот за јавни набавки на МВР за 2018 година, јавните набавки ќе продолжат и во следните месеци, со цел обезбедување на потребната униформа и опрема за полициските единици, се наведува во реакцијата на МВР.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

притисни ентер