Три хороскопски знаци кои до крајот на август ќе ја запознаат љубовта за целиот живот

Ѕвездите во август ни приредија вистинска игранка на емоции, но некои од таа забава ќе излезат тажни и несигурни, додека другите ги очекува животна авантура.

За овие три хороскопски знаци втората половина од август носи идеални услови за започнување на врска за целиот живот.

Бик - Пред Биковите дефинитивно е највозбудливиот период за ова лето, а можеби и целата година. Што и да сте правеле досега во наредните денови ќе имате можност да започнете нешто сосема ново, возбудливо и долготрајно со личност која веројатно веќе извесно време е во вашиот живот, но вие не ја гледавте на тој начин. Најдобриот совет кој било кој може да ви го даде е во овој момент да се опуштите и да ги отворите очите затоа што идеалната прилика се крие поблиску од што мислите. Доколку одиграте како што треба до почетокот на септември веќе може да ја имате љубовта за која сонувате. За Биковите во врска, ова е идеален период за да го направат следниот чекор.

Рак -Почетокот на месецот беше турбулентен кога станува збор за љубовта и можеби се чувствувате како едноставно да требате да мирувате извесно време, но немојте да се изненадите доколку во животот ви влезе некој сосема нов, неочекуван и на прв поглед комплетна спротивност од тоа што го сонувате - а всушност тоа ќе биде партнерот кој може да ви пружи среќа. Посебно би требало да обрнете внимание на личностите родни во знакот на Скорпија, Риба или Јарец, но ниту Девиците не би требало да ги тргате од радарот.

Скорпија - Таинствените Скорпии треба да се подготват за голем шок, затоа што поп 14 август почнува период кога ќе се откријат бројни вистини - што можеби на прв поглед нема да ви делува како добра опција, но ќе ве натера да донесете важна одлука. Ова не се однесува само на љубовниот живот, но тој аспект е во преден план, пред се што Скорпиите деновиве ќе бидат зафатени со деловни состаноци и обврски,а можеби на патувањата на кои ќе запознаат многу нови луѓе. Помеѓу нив доста веројатно е дека ќе се најде и идеалната личност за вас, но пред да се впуштите во врска бидете сигурни дека сте расчистиле со минатото.

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер