Карлос Сајнц Џуниор ќе се натпреварува за Мекларен во 2019 година

Карлос Сајнц Џуниор ќе се натпреварува за тимот на Мекларен во 2019 година. 

Дваесет и три-годишниот Шпанец потпиша повеќегодишен договор со тимот, заменувајќи го својот сонародник Фернандо Алонсо.Сајнц во моментов е на 11-тата позиција во шампионатот со тимот на Рено, со освоени 30 поени.

- Карлос е дел од легендарно семејство. Исклучително сме возбудени да го пречекаме како пилот на Мекларен. Го следиме извесно време и го оценуваме многу високо меѓу следната генерација млади таленти кои се пробиваат во Формула 1. Не е тајна дека Карлос е вистински обожавател на Фернандо и се гордее дека ќе го заземе местото на една легенда во моторниот спорт, изјави шефот на тимот, Зек Браун.

Сајнц пак изрази исклучителна радост дека се приклучува кон британскиот тим.

- Го очекував овој момент подолго време и сум многу возбуден дека започнувам ново поглавје од мојата кариера. Откако се сеќавам, јас сум фан на Мекларен. Тоа е тим со огромно наследство, а пилотите на тимот се меѓу хероите на Формула 1. Фернандо е еден од нив, па затоа е посебно чувството да бидам дел од следната генерација шпански пилоти зад воланот на Мекларен, изјави пилотот.

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

Јанчев: Кавадарци ја доби наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан

Мрежата на асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа на општина Кавадарци ѝ додели награда за проектот „Практики за одржливо земјоделство“.

Кавадарци наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан ја доби за поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер