Пивоваров: Корекцијата на границите ќе предизвика домино ефект во Македонија

Ќе договорат ли Србија и Косово, размена на територии, како конечно решение на косовското прашање.

Меѓународната заедница веќе предупреди за ефектите од таквиот евентуален договор врз регионот. На сличен став и дел од безбедносните експерти.

Размена на територии ќе предизвика опасен преседан кој би можел како домино ефект да се прелее врз соседните земји, смета Владимир Пивоваров.

Косовскиот весник Зери вчера објави дека група од седум српски експерти подготвила извештај, според кој Косово би ја добила општината Прешево во замена за четирите општини на северот од Косово, кои би требало да припаднат на Србија.

Србија и Косово може да постигнат договор за размена на територии, со можност Прешево, да стане дел од Косово, без Бујановац и Медвеѓа, а општините на северот (Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица) да се припојат кон Србија. Овие општини се де факто интегрирани во економскиот систем на Република Србија и ова сценарио може да се изврши без одредени општествени и етнички турбуленции.

Неодамна, за опасноста од евентуално прекројување на границите на Балканот, предупреди и поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт. Во колумна за Вашингтон пост, потенцијалните нови поделби во регионот ги нарекува рецепт за гео-политичка нестабилност. Можната поделба на Косово, според него би ја отворила дебатата за Босна, но и за како што го нарекува, потешкото и поопасно прашање на Македонија.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер