Како ќе заштеди Форд 25,5 милијарди долари ?

Американскиот производител на автомобили, Форд продолжува со намалување на трошоците.

Форд има намера да го намали бројот на платформи за производство на своите модели . Компанијата планира на само пет модуларни платформи да ги прави своите модели и тоа од малите градски автомобили , преку кросоверите до камионетите. Од Форд се надеваат дека овој план ќе им донесе заштеда од 25,5 милијарди долари во наредните пет години.

Според планот , Форд на една платформа планира да ги гради возилата со заден или погон на сите четири тркала , како што се пик ап Ф-150 , потоа Expedition , како и Mustang и Explorer , кој од 2020 преминува на RWD погон.

Следна е платформата на возила со преден или погон на сите четири тркала , како и посебна за комерцијални возила , а едно и за производство на електрични автомобили. парите од заштедата од ваквиот вид производство Форд планира да ги вложи во развој на нови возила , кои подобро би се продавале .

Тие на пазарот би ги земениле возилата што помалку се продаваат како што се седаните. Форд ќе го концентрира производството на кросовери , СУВ возила , камионети и комерцијални возила.

Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ во Куманово

Зимскиот салон од Штип ќе гостува во Куманово со изложбата „Интимност и интерконекција“ која ќе биде претставена во уметничката галерија во градот.

Отворањето на изложбата е вечер во 19.30 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 8 мај.

-Сметаме дека ваквите претставувања на изложбите на ДЛУМ се од голема важност бидејќи ДЛУМ се состои од членови од цела Македонија, велат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Следната поставка на оваа изложба се планира да биде во Музеј Битола.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

притисни ентер