Адвокат милијардер фатен во шверц на дрога, па пуштен на слобода

Против милијардерот , адвокатот Хенри Т. Николас III е поднесено обвинение за шверц на дрога.

Милијардерот бил уапсен заедно со уште една жена во Лас Вегас. Полицијата го фатила во едно казино и стрип клуб под сомнение дека круимчарел хероин , кокаин , метамфетамин и екстази .

Неговиот адвокат Дејвид Чесноф тврди дека милијардерот не е виновен и оти е пуштен да се брани на слобода без да плати кауција. Адвокатот Николас е познат како бранител на тешки криминалци ,а бил финанансиер на кампањата во САД за обезбедување права на жртвите на криминал и нивните семејства.

И жената , Ешли Фарго била пуштена од притвир без да плати кауција. Сослушувањето е закажано за септември.

Швајцарија забрани три германски дизел – возила

Швајцарските власти од утре не дозволуваат регистрација на одредени модели дизел автомобили на Мерцедес и Порше.

Поради преголеми емисии на штетни материи , во Швајцарија нема да се дозволи возење на одредени видови дизел автомобили. Забранети се Mercedes Vito и СУВ моделите на Porsche и тоа Cayenne и  Macan со дизел мотори.

Според швајцарската агенција за патишта , овие автомобили повеќе ја загадуваат животната средина , отколку што тоа го навеле производителите во официјалната документација.

Забраната стапува на сила утре , 17 август, и се однесува на  Mercedes Vito со 1,6 литарки дизел агрегат , потоа за Porsche Macan со 3,0 литарски V6 дизел мотор и уште посилниот Cayenne со 4,2 литарски V8 дизел мотор.

Овие три модели нама да може да се регистрираат во Швајцарија , а веќе регистрираните возила и натаму ќе може да се возат низ земјата под услов да ги прилагодат емисиите на штетни гасови со локалните стандарди.

Двата модели на Porsche веќе нес е произведуваат во дизел верзија , така што забраната се однесува на постари модели .

Не смее да излезе на улица , а го пропатувала светот

Американката Џеки Кени страда од агорафобија , страв од отворен простор , но од секогаш сакала да го пропатува светот.

Иако Џеки речиси и да не излегува од дома, успеала во намерата. Таа направила фантастични фотографии од целиот свет што ги објавува на Инстаграм. Оригиналноста на оваа жена е во тоа што фотографиите ги слика со помош на Google Street View. На овој алтернативен начин на виртуелно патување ги гледа сцените што во живо и се недостапни.

,,Можностите на Google Street View ме одушевија. Почнав да кликам на картата и да стигнам во земји како Монголија , Сенегал или Чиле. Ги пропатував далечните градови , видов прекрасни архитектонски бисери и анонимни луѓе застанати во времето. Почнав да правам скриншотови да ги забележам преубавите моменти од овој паралелен свет .”, вели жената која не излегува од дома.

Освен на Инстаграм , Џеки продава лимитирани колекции на маици со принтови , а средствата од нив го наменила за истражување на агорафобијата.

Успешна гимнастичарка била во затвор , а сега е порно ѕвезда

Холандската гимнастичарка Верона ван дер Леур , која освоила бројни медали ,сега живее сосема поинаку.

Гимнастичарката  освојувала златни и сребрени медали на светски и европски првенства , а сега е порно ѕвезда.

Во 2002 била прогласена за спортистка на годината , за во 2011 животот да и се смени. Тогаш завршила во затвор поради уцена , а кога излегла на слобода станала порно актерка.

Почнала да објавува фотографии и видеа за возрасни како веб – кам девојка. Откако го поминала патот и на порно актерка , сега е продуцент на филмови за возрасни.

притисни ентер