Мик Шумахер: Големата цел е Формула 1

Синот на легендата Михаел Шумахер - Мик потврди дека неговата голема цел останува учество во Формула 1.

Пред неколку дена, шефот на Ф1, Чејс Кери изјави дека ако 19-годишниот пилот, син на седумкратниот светски шампион, успее да си го отвори патот до посакуваниот мотоспорт, тоа ќе биде „прекрасна приказна“.

Неодамна синот на Шумахер победи на трката од Европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија.

- Имам само убави спомени од „Спа“. Секој знае дека за татко ми тоа беше како „дневна соба“. Сакам да се натпреварувам тука, бидејќи знам добро дека и тој сакаше, истакна Мик.

Засега синот на Шумахер е осми во генералниот пласман во Формула 3.

- За жал, досега среќата не беше на моја страна, но се надевам дека во остатокот од сезоната ќе биде различно. Се разбира, мојата најголема цел останува Формула 1. Но, ние напредуваме постепено, со мали чекори, додаде тој.

Реал Мадрид повторно најбогат клуб на светот!!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид повторно е на врвот на листата од 20 најбогати фудбалски клубови на светот.

Реал го престигна минатогодишниот лидер Манчестер Јунајтед благодарејќи му на рекордниот приход од 750,9 милиони евра. Црвените ѓаволи од Манлестер годинава се на третата позиција , пред нив е и каталонскиот гигант Барселона. По сезоната 2014/2015 година Реал и Барселона повторно се на двете водечки места на листата на најбогатите клубови на светот.

Вкупниот приход на 20-те најбогати фудбалски клубови на планетата  изнесува 8,3 милијарди долари се однесува за сезоната 2017/2018 и е за 6 проценти поголем во однос на претходната сезона.

Во топ десетте најбогати клубови дури шест се од Англија, што е нов рекорд.

Инаку покрај Реал , Барселона и Манчестер Јунајтед,  во елитната топ десетка се и Баерн. М., Манчестер Сити, ПСЖ, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем.

Надал прв финалист на Австралија опен

Шпанецот Рафаел надал е првиот учесник во големото финале на Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Рафа експрес во полуфиналето на премиерниот Грен слем турнир во 2019 го збриша младиот грчки тенисер Стефанос Циципас победувајќи го со максимални 3-0 по сетови 6-2, 6-4 и 6-0.

21- годишниот  Циципас  денеска немаше  никакви шанси за против маестралниот Надал . Бикот од Мајорка  одигра совршен меч и за само 106 минути со фуриозна игра го декласираше младиот грчки тенисер  за пласман во уште едно финале на Австралија опен.

Противник на Надал во големото финале на турнирот во Мелбурн ќе биде победникот од  утрешната полуфинална пресметка која стартува во 9-30 часот   меѓу лидерот во светскиот тенис Новак Ѓоковиќ и изненадувањето од Франција Лудовик  Пуј.

Игуаин позајмен на Челси , може да го откупат за 36 милиони евра

Челси официјално објави дека го донел во клубот Гонсало Игуаин , кого го позајмиле од Јувентус до крајот на сезоната.

Аргентинецот оваа сезона беше позајмен во Милан , но тој договор е поништен откако Челси доби право да го позајми фудбалерот уште една сезона за 18 милиони евра или да понуди откуп на договорот на Игуаин за 36 милиони , кои мора да се исплатат наредните две сезони.

,,Кога ќе ти се укаже ваква можност , мораш да ја искористиш . Од секогаш ми се допаѓал тој клуб , неговиот убав стадион и фактот дека игра во Премиершип , лига во која од секогаш сум сакал да играм.” , изјави Игуаин.

Од минатото лето тој беше позајмен од  Милан , каде даде 8 голови на 22 натпревари . Претходната сезона во Јувентис даде 23 гола на 50 натпревари , но на клубот веќе не му е потребен по доаѓањето на Кристијано Роналдо.

притисни ентер