Борисов: Два пати мисли пред да кажеш

Минатото и напластеното разногласие во толкувањето на историските настани, повторно докажуваат дека како Дамоклов меч се надвиснуваат над односите што ги градат земјите сега. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Силјановска Давкова: Горда сум на вас, на граѓаните и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Почна прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ , чиј кандидат Гордана Силјановска е во убедливо водство на претседателските избори.

„Ве уверувам дека ќе се обидам секој ден да докажам и да покажам дека сум таму не за својата политичка кариера, туку за Македонија. Ќе докажувам дека Македонија мора да биде слична на европските држави и да биде посакувано место за политички и за било каков натпревар. Македонија да биде твоја, да биде наша, зашто токму напуштањето на човечките ресурси нѐ остава да стоиме во место.“ , рече Силјановска Давкова.

Прослава на ДУИ на плоштадот Скендер бег во Скопје

На плоштадот Скендер бег се собраа поддржувачи на ДУИ за да ја прослават победата на нивниот кандидат Бујар Османи.

Под силно полициско обезбедување, во овој момент насобраните се повлекоа. На местото на настанот е Михајло Видимлиски.

Санчез се повлекува од функција откако е отворена истрага против неговата сопруга

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека се повлекува од јавните должности бидејќи морал „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да ја води владата откако суд во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди ... дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од таа чест“, објави тој преку социјалната мрежа Х.

Синдикатот Манос Лимпиас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачи во јавни тендери и дека имала корист од тоа. Судот претходно објави дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

притисни ентер