Рој Хоџсон потпиша нов договор со Кристал Палас

Рој Хоџсон го продолжи договорот со Кристал Палас до 2020 година. 

Поранешниот селектор на Англија, кој вчера го прослави 71-иот роденден, го презеде клубот минатата сезона, заменувајќи го Франк де Бур. Тој го спаси тимот од испаѓање, па така клубот од Јужен Лондон го награди со нов едногодишен договор.

- Многу сум среќен што го продолжив договорот со Кристал Палас. Ова е клуб кој е блиску до моето срце, од мал. Јас го поддржав тимот од трибините во 1950-те. Одлично е да го водиш тимот, кој си го сакал од детството по толку многу години. Можеме да бидеме горди на постигнувањата од минатата сезона, и покрај слабиот старт. Оваа година сакаме да немаме такви проблеми, рече Хоџсон по повод продолжувањето на договорот. /МИА

Хамилтон не го достигна Шумахер, Раиконен победи на трката во Остин

Кими Раиконен е победникот на трката за Големата награда на САД во Формула 1 .

По цели 113 трки , Раиконен успеа да победи на патеката во Остин и му ја одзеде шансата на Луис Хамилтон да ја освои петтата титула по ред , со што би го достигнал Мајкл Шумахер.  Раиконен ја заврши трката пред Макс Ферстапен , кој полека ја градеше предноста и од 18 тото се проби на второто место.

Со тоа тимот на Ферари дојде до првата титула по серијата на Мерцедес и на Хамилтон. Тој имаше шанси за прво место , но Ферстапен и неговото маестрално возење , му ја одзедоа предноста.

На Хамилтон му останува нова можност за освојување на титула , следната недела во Мексико.

Тоа е тренер – преку мотивациски говор направи пресврт (ВИДЕО)

На турнирот во Москва тенисерката Дарја Касаткина беше на чекор до пораз , но тренерот направи да има пресврт.

Касаткина во финалето на турнирот во Москва губеше од тенисерката од Тунис , Онс Џабур со 0:2 во сетови , а тогаш се појави тренерот на Русинката Филип Дехес.

,,Уште си во игра , имаш десет минути за да најдеш решение . Немој да мислиш дека не е можно.” , така го почна Дехес мотивацискиот говор по кој Русинката направи пресврт и победи во финалето , со што ја освои втората титула во кариерата , а прво во 2018.

Марадона веќе не може да оди (ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер Дијего Марадона има сериозни здравствени проблеми.

Аргентинскиот фудбалер , кој сега е тренер на мексиканскиот клуб Дорадос со години се мачи со артритисот , поради што пред Светското првентство во Русија летово примаше терапија за да ја намали болката.

Марадона деновиве е снимен како едвај се движи по теренот , на кој тренира неговиот клуб. ,, Диего не е свесен за своите години . Тој и натаму на терен излегува како да има 20 . “ вели неговиот адвокат Матијас Морла.

57 – годишниот фудбалер во последно време на натпреварите доаѓа на штаки.

притисни ентер