Борисов: Два пати мисли пред да кажеш

Минатото и напластеното разногласие во толкувањето на  историските настани, повторно докажуваат дека како Дамоклов меч се надвиснуваат над односите што ги градат земјите сега.

Последен мегдан за тоа беа прославите на годишнината од илинденското востание.

Ниту лани-потпишаниот македонско-бугарски договор за добрососедство и пријателство изгледа не е доволен гарант за одредени кругови во двете земји, дека намерата и на едните и на другите била- еднаш засекогаш да се престане да се робува на минатото. 

Па така одново почнаа да се бараат точки и запирки во изјавите на политичарите и воскреснаа сомневањата дали и колку искрени биле заложбите за градење на добрососедски и со ништо неоптоварени односи и сето тоа поради тврдењата дали е само македонско и дали е само бугарско Илинденското востание а тешко се прифаќа дека е на сите.

Во последниот случај по неколкудневно затишје денеска се огласија премиерите на двете земји. Борисов отиде дотаму индиректно да порача дека кога ќе дојде време за ЕУ, ќе се потсетат на овој момент. Моментот кога во последното телевизиско интервју премиерот Заев илинденското го карактеризира за македонско востание. 

Заев денеска возврати со статус на фејзбук-критичарите во Македонија и во бугарија да немаат дилема пријателството и соработката се искрени.

„Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство“ - напиша претпладнево премиерот Заев на фејсбук, истовремено потсетувајќи на заложбата на Борисов и на министерката Захариева да се добие датум за старт на преговорите за членство со Европската унија и покана од НАТО.

„Никогаш нема да го заборавиме тоа пријателство кое е докажано на дело“, напиша Заев со повик да не се правиме слепи и глуви.  

,,Илинденското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување.со решителност и жртва, без надеж за помош однадвор, Бугарите од Македонија и Тракија станаа во очајна, но достојна битка за правда. Бунтовниците го испишаа големото кредо на нашата национална револуција – “слобода или смрт”. Илинден нè потсетува дека слободата и историската вистина мора да се ценат и ревносно да се бранат“ - напиша пак бугарскиот претседател Румен Радев на својот ФБ профил , само неколку часа по заедничката македонско-бугарска прослава на годишнината од Илинденско востание во Благоевград.

Инаку , како што обврзува договорот за добрососедство, веќе е формирана македонско бугарска мешовита комисија од историчари кои би требало да ги разрешат дилемите од минатото. Ќе бидат ли поуспешни од политичарите?

Французин им објави војна на властите – ги отстранува бариерите од клупите

28-годишен Французин им објави војна на локалните власти во градот Лион, откако одлучи да ги отстранува бариерите поставени на клупите за да се спречат бездомниците да можат да лежат и да преспиваат на нив.

Момчето, кое за Еуроњуз, не сакало да го објави својот идентитет, објасни дека за таквата постапка веќе завршило на суд.

Тој бил обвинет за кражба, но бил ослободен откако објаснил дека железните делови на клупите ги отстранувал за да истакне социјален проблем и гест на солидарност.

Тој смета дека е иронично со пари на граѓаните да се ограничуваат луѓето да имаат пристап до јавната сопственост и ги отфрла тврдењата на властите дека железните структури всушност се потпирачи за раце.

Проценките се дека во Франција има повеќе од милион бездомници.

Телото на Кашоги било распарчено, а лицето деформирано

Телото на убиениот новинар Џамал Кашоги пронајдено е во градината на резиденцијата на саудискиот конзулат во Истанбул, тврдат неименувани извори за „Скај њуз“.

Еден од извори за „Скај њуз“ тврди дека телото на Кашоги е “распарчено“, а лицето му е целосно “деформирано“.

Претходно денеска, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред парламентот објави дека телото на убиениот новинар се уште не е пронајдено и побара од Саудиска Арабија да открие каде тоа се наоѓа.

„Зошто телото на некого, за кого и официјално е потврдено дека е убиено, се уште не е пронајдено?“ – изјавил во своето обраќање Ердоган.

„Скај њуз“ потсетува дека засега нема нови информации за наводните аудио-снимки кои се посед на турските власти, а кои наводно докажуваат дека Кашоги бил мачен, убиен, а дека потоа му биле отсечени прстите, а телото распарчено.

Телото на Кашоги пронајдено е во бунарот на територијата на резиденцијата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјавил претходно за „Спутник“ лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек.

Секретарката на Владата на Германија на удар на критики поради скапоцениот часовник

Политичарката на германската Социјалдемократска партија (SDP) Савзан Чебли (40) и државна секретарка на берлинската влада се најде на удар на жестоки критики.

Таа се најде на удар на критики поради носењето на часовник од марката „ролекс“, вреден околу 7.300 евра.

Минатиот викенд корисник на Фејсбук објави нејзина слика од 2014 година, на која носи луксузен часовник модел „Datejust 36” со коментар: Се што треба да знаеме за состојбата на социјалдемократијата во Германија во 2018“.

Савзан Чебли, која како државен секретар во берлинската влада прима бруто месечна плата од 8900 евра, посебно се залага за интеграцијата на бегалците, па се поставува прашањето дали поради тоа не смее да носи таков часовник.

На интернет веднаш започна расправа, а на крајот Савзан Чебли упати порака до критичарите.

„Кој од вас што сеете омраза живеел со 12 браќа и сестри во две соби, спиел и јадел на под, сечел дрва за викендите? Кој со месеци чекал на дрвени боички? Мене никој не треба да ми објаснува што е сиромаштија“ – напишала таа.

Савзан Чебли е дете бегалец од Палестина. Во 1948 година родителите избегале во Либан, каде скоро 20 години живееле во бегалски камп.

Подоцна татко и заминал за Германија, а потоа ја довел и сопругата и децата.

Родена е 1978 година во Берлин, каде живее од социјална помош и донации. Иако нејзиниот татко се до смртта нема научено германски, Савзан завршила основно училиште, матурирала и завршила политички науки. Дури на 15 години добила германски пасош.

притисни ентер