Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид

Сагата околу иднината на Лука Модриќ може да претрпи нов пресврт, откако според шпанското издание „Онда Черо“ се тврди дека Хрватот всушност сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Се тврди дека халфот ќе побара лично од претседателот Флорентино Перез да биде продаден на Интер, кој му дава договор за 4 години и одлична плата од 10 милиони евра.

Од Реал, сепак, не сакаат да загубат еден од најдобрите играчи, кој има откупна клаузула во договорот од 750 милиони евра, а Италијанците не ни помислуваат да ги платат овие пари.

На Перез сигурно нема да му се допадне барањето на Модриќ, ако навистина добие такво, а очекувањата на повеќето експери се сепак дека полудефанзивецот ќе остане дел од „белите“ и за претстојната сезона. /МИА

Ѓоковиќ: Не сум Федерер, не знам што тој сака

Во финалето на Мастерсот во Рим , Надал го победи Ѓоковиќ и најави дека е во форма пред Ролан Гарос.

Се уште се зборува за условите во Рим и дека тенисерите настапувале во тешки услови. Поради дождот , некои играчи морале да играат и по два натпревара дневно. Во текот на турнирот новинарите го прашаа Ѓоковиќ што би направил ако треба како Федерер да игра по два натпревара во еден ден. На тоа Ноле им одоговори:

,, Јас не сум Федерер , така што не можам да одговорам на тоа прашање. Не знам што нему повеќе му се допаѓа и што сака. Лично сакам да го почнам турнирот порано , на пример во вторник. Бидејќи играв во финалето на турнирот во Мадрид , логично е што ме ставија во среда.” , рече Ѓоковиќ и додаде во врска со временските услови.

,,Несреќа е кога цел ден на турнир имате дожд. Некогаш знае да врне од утро до мрак , па има многу компликации . Можеби да се направи носителите да играат во вторник. Но се е под можеби.”, заврши Ѓоковиќ.

Борусија купи германски репрезентативец за 27 милиони евра

Нико Шулц е новиот играч на Борусуја од Дортмунд , потврди денеска германскиот вицешампион.

Левото крило на германската репрезентација стигна од Хофенхаим за 27 милиони евра и потпиша договор до 2024 година.

Шулц во септември минатата година дебитираше за германската репрезентација , а до својата 26. година има играно за Херта, Борусија Менхенгладбах и Хофенхаим.

За Хофенхаим има одиграно 71 натпревар , постигнал 4 гола и 13 асистенции .

Дигач на тегови преживеа страшна несреќа (Вознемирувачко видео)

Дигачот на тегови, Русинот Јарослав Радошкевиќ доживеал страшна несреќа ,кога среде натпревар му се скршила ногата на неколку места.

Спортистот учествувал на Евроазиското првенсто и се обидел да подигне 250 килограми . Но , при обидот му се скршила потколеницата и зглобот , што и претходно му бил повреден.

При третиот обид , ногата му се скршила на неколку места. Итно бил однесен во болница, а според првите прогнози , опоравувањето ќе трае околу шест месеци .

Радошкевиќ се сомнева дека ќе се врати на спортот. ,, Тешко дека некогаш ќе се вратам по ваквата повреда.” , изјави дигачот на тегови.

притисни ентер