Во воздушни напади во Јемен убиени 29 деца и уште толку повредени

Најмалку 80 повредени и 50 загинати, од кои 29 деца, од најновите воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија против јеменските бунтовници Хути.

Нападите  беа извршени  и врз училишен автобус, кој пренесувал деца во летен камп. Повеќето од жртвите се помлади од 10 години.

Се очекува бројката на жртви да порасне, бидејќи голем дел од ранетите се во критична состојба.

Саудиската новинарска агенција изјави дека „бомбардирањата се во согласност со меѓународното и хуманитарно право“.

Во меѓувреме коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека ги нападнала Хутите бидејќи во средата лансирале ракета кон саудискиот град Џизан.

Коалицијата соопшти дека во прашање била легитимна воена акција.

Во граѓанската војна во Јемен досега загинаа околу 10.000 лица, неколку десетици илјади се повредени, а повеќе од 2,5 милиона се во бегство.

ОЈО: Даночен инспектор и уште две лица обвинети за примање поткуп

 Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение  против даночен инспектор и уште две лица за примање поткуп.

-Првообвинетиот се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – Регионална дирекција Скопје, индиректно, преку двете други обвинети лица, побарал парични средства во износ од 5.000 евра од вработена во едно правно лице. Парите потоа лично ги примил за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно да направи дополнителни и детални контроли на даночниот субјект по однос на пресметката за плаќање на даночната обврска на правното лице во кое основач и управител била сестра на оштетената, соопшти денеска Јавното обвинителство.

При извршување на кривичното дело, со умисла му помогнале двајцата други обвинети, сопственици на сметководствено биро од Скопје, преку давање совети и упатства, како и директно посредувајќи во комуникацијата со оштетената со која претходно се познавале.

-Обвинетите, на 5.11.2018 година, во еден угостителски објект, организирале средба на која оштетената на првообвинетиот му ги предала парите во износ од 5.000 евра во десет банкноти во апоени од по 500 евра. Банкнотите биле претходно крим-технички обработени од страна на полицијата. Обвинетиот ги ставил обележаните банкноти во џебот од палтото и по интервенција на полициските службеници бил затекнат со нив кога го напуштал угостителскиот објект, велат од Обвинителството.

По предлог на надлежен јавен обвинител, на првообвинетиот по лишувањето од слобода му беше определена мерка притвор, која од 11.01.2019 година со решение е заменета со мерка куќен притвор.

-Ценејќи дека и натаму постојат основите заради кои беше определена мерката, односно постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека обвинетиот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, како и особените околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, јавениот обвинител до Основниот суд Скопје 1 достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор, се наведува во соопштението. 

Доведени во прашање новите истраги на СЈО?!

Ќе паднат ли во вода десетици истраги на СЈО но и обвинението за финансирање на ВМРО ДПМНЕ и изградбата на Белата палата?

Правните дилеми се отвораат откако Врховниот суд закажа седница на која ќе расправа по иницијативи од адвокатите Еленко Миланов и Боро Тасевски кои бараат врховните судии да оценат дали СЈО може да покренува истраги и поднесува обвиненија по истекот на рокот од јули 2017.

За поранешниот врховен судија Дане Илиев е нејасно зошто највисокиот суд воопшто закажал седница кога бранителите имале можност нивните клиенти првин да ги одбранат пред пониските судови.

„Врховниот суд не може да одлучува по иницијативи на бранители во предмети, без разлика дали е за редовното или Специјалното обвинителство. Тие се бранители кои во постапката што се води имаат секаква правна можност за да го искажат својот став. Врховниот суд како суд кој се грижи за примена на законите има надлежност во конкретното работење на судовите, да донесува правни мислења, и начелни правни ставови кои се однесуваат на одредена правна проблематика односно правни прашања во примена на законите пред пониските судови”.  – изјави – Дане Илиев – Поранешен претседател на Врховен суд.

Седницата на Врховен е закажана за во среда, а неизвесно е дали одлуката ќе биде донесена уште истиот ден. Но од судот велат дека имаат обврска да одлучуваат по иницијативи на адвокати.

Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на Општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења.

Во минатата година и пол СЈО отвори дваесетина истраги во кои освен Никола Груевски и Миле Јанакиески, опфатени се и актуелните функционери на ДУИ, Али Ахмети и Бујар Османи во “Попис” и “Пациент”.

 Но и “Империја” во која се опфатени Сашо Мијалков и Орце Камчев, “Друмарина” за Силвана Бонева и други. Толкувањата на СЈО се дека истрагите се покренати во законскиот рок.

Поповски: Транспарентноста останува приоритет на владата

Транспарентноста останува еден од врвните приоритети на владата, кажа министерот Роберт Поповски на трибина за истражувачко новинарство што се одржа во Скопје. 

Вината за затвореноста на некои институции, освен кај нивните раководства, ја гледа и во неподготвеноста на администрацијата.

притисни ентер