Британскиот музеј на Ирак му ги враќа украдените експонати

Британскиот музеј на Ирак ќе му врати 8 експонати стари 5 000 години , украдени по падот на Садам Хусеин.

Предметите биле најдени кај еден трговец во Лондон во 2003 година и за нив немало документи за потеклото. Експертите утврдиле дека станува збор за предмети ископани во древниот сумерски град Гирс , на југот на Ирак каде Британскиот музеј врши археолошки истражувања.

Меѓу предметите е и мала статуа  од бел мермер , печат од црвен мермер , гравиран печат и полиран камен испишан со клинесто писмо. Предметите утре ќе му бидат врачени на амбасадорот на Ирак во Британија , Салих Хусеин Али.

Денеска ќе се знае новиот британски премиер

Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.

Околу 160.000 членови на британската владејачка конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.

Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор,  е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се сретне со директорите и вработени во детските градинки. 

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките информираат од ресорното министерство.

Самостојна изложба со иконографскa резба на Мирче Аврамоски

Прва самостојна изложба на иконографска резбарија на Мирче Аврамоски ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија во Тетово.

Ќе бидат претставени 40 икони изработени со резба на ореово дрво кои се дело на 34-годишниот Аврамоски.

Иконите ќе бидат изложени една недела, односно до следниот вторник, 30-ти август. /МИА

притисни ентер