Никол Шерцингер е секс бомба, но не сте ја виделе нејзината сестра! (фото)

Никол Шерцингер ја сметаат за една од најзгодните жени на светот.

Има 40 години но и понатаму плени со сексапилот и убавина и двојно помлади девојки може само да и љубоморат. Тоа што е помалку познато е дека таа има сестра Кеала која е 10 години помлада од неа. Кеала се занимава со хуманитарна работа, мажена е и мајка е на три деца.

Тие две всушност се полу сестри, затоа што Гери Шерцингер, очувот на пејачката, ја посвоил Никол.


ИЈЗ: Регистрирани 535 заболени од грип

Активноста на вирусот на грип, како што се посочува, е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

 Во текот на изминатата недела (од 14 јануари до 20 јануари) се регистрирани 535 заболени од грип, што е зголемување за 90,4 отсто споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 281 заболен од грип, се наведува во извештајот, што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Активноста на вирусот на грип, како што се посочува, е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Најголем број заболени (416) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 31 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (183) каде е регистрирана и највисока инциденца 152,8 на 100.000 жители.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 2.230.

Изминатата недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 25 материјали за тестирање на грип, од кои седум (28 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – пет Influenza A(H1N1)pdm09, еден Influenza A(H3) и еден Influenza A несубтипизиран. 

PEUGEOT 3008 прогласен за еден од најпроизведуваните автомобили во Франција во 2018 година!

Произведен е во фабриката на PSA Group во Sochaux. Овој SUV ја носи ознаката "Origine France Garantie" уште од самото лансирање во октомври 2016 година.

Овој модел беше произведен во 258.460 примероци во Франција во 2018 година, пред Toyota Yaris со 248.541 примероци. Секој ден околу 1.000 возила на PEUGEOT 3008 се произведуваат во фабриката на PSA Group во Sochaux која исто така има произведено над 23 милиони автомобили.

PEUGEOT 3008 беше развиен од страна на проектанските тимови во Sochaux и тестиран на патеките на тест центарот "Centre d'Expérimentation" во Белшамп.

Моделот е голем успех за Брендот од самото лансирање во октомври 2016 година. Тој е трето најпродавано возило во Франција во 2018 година и воедно придонесува за премиум статусот на PEUGEOT во категоријата SUV во Европа заедно со 2008 и 5008.

PEUGEOT 3008, исто така е лидер во C-SUV сегментот кај B2B корисниците и е рангиран на второ место место во сите категории на регистрирани патнички автомобили.

PEUGEOT 3008 има освоено 63 светски награди и беше прогласен за Автомобил на годината во 2017 од 58 европски новинари од 22 земји.

Видео: Од неа ќе ви се „заврти“ во главата!!

Стиви Доре иако има само 24 години веќе е добро позната во светот на шоу бизнисот и танцот.

Само на социјалната мрежа Инстаграм, атрактивната Стиви има повеќе од 350 илјади фанови, кои обожуваат да ги гледаат нејзините клипови со „жешко“ танцување.

Таа почнала да танцува кога имала само две години, а до сега веќе има добиено неколку големи награди.

притисни ентер