На Џонсон му се заканува истрага поради изјавата за бурките

Против поранешниот министер за надворешни работи на Британија се подготвува партиска истрага поради коментарот за носење бурки.

Поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон се соочува со истрага за можно кршење на Кодексот на неговата Конзервативна партија, наведува весникот ,, Evening Standard”. Формалната одлука партијата треба да ја донесе во текот на денов.

Британската премиерка Тереза Меј го повика вчера Џонсон да се извини , поради колумната во која напишал дека жените кои носат бурки личат на ,,поштенски сандачиња” и ,,ограбувачи на банки”. Во барањето за извинување Меј напиша и дека жените сепак сами треба да решаваат како ќе се облекуваат.

Претставниците на муслиманите во Британија , како и министерот за Блискиот Исток , Алистер барт , излегоа со осуди на вчерашната колумна на Џонсон, тврдејќи дека во неа ништо не е како што треба.

За сега нема најава дека Џонсон ќе се извини за колумната во Дејли телеграф. Тој во текстот напишал дека е против забраната за носење бурки , но дека е апсолутно смешно луѓе да се движат како поштенски сандачиња.

Паника на германскиот патнички авион – принудно слетал на Крит

Германски авион со 250 патници принудно слетал на Крит поради дојава за поставена бомба.

Патничкиот авион со 250 патници и членови на екишажот морал принудно да слета на грчкиот опстров Крит поради доајава на бомба. Авионот летал од Египет кон Германија и поголемиот број патници се враќал од годишен одмор. Aвионот летал од Хургада кон Диселдорф , кога по два часа лет морал принудно да слета на аеродромот во Ханиа. 

Според грчката државна телевизија , авионот безбедно слетал на воениот аеродром Соуда , а сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани .

Во тек е истрагата на авионот за да се утврди дали дојавата за поставена бомба е вистинска.

Бебе се родило во воен хеликоптер

На пат од хрватскиот остров Раб  кон болницата во Ријека , Луција Брњац родила здраво девојче во хеликоптер.

Во хеликоптерот на военото воздухопловство на итниот медицински лет од островот Раб се роди женско бебе. Мајката се породила пред слетувањето на хеликоптерот во болницата во Ријека , а ја породиле членовите на екипажот. капетанот на хеликоптерот Крешимир Абрамовиќ изјави дека тоа е едно од искуствата што сигурно ќе ги памети цел живот , а најважно е мајката и бебето да се добро.

Мајката Луција им се зсаблагодари на членовите на екипажот . Таа веќе има две деца , а третото вели дека на неверојатен начин го родила ,,во воздух”. И докторите во болницата во Ријека го пофалија екипажот на добро извршеното породување.

Морето поцрвене од крвта на китовите , почна сезоната на лов на Фарските острови (ФОТО)

Десетина китови се уловени во близина на Фарските острови , од мештаните , кои ги ловат за да ја преживеат долгата и студена зима.

Судент на Универзитетот Кембриџ , 22 годишниот Алистер Уорд ги направил фотографиите кои го обиколија светот. Дел од нив се вознемирувачки .

Фарските острови се наоѓаат на северниот дел од Атлантскиот океан меѓу Норвешка и Исланд. Составени се од 18 мали островчиња.

Традиционално , во овој период од годината почнува ловот на китови , чие месо е извор на протеини со десетици илјади години за жителите на овие острови. Фотографиите се вознемирувачки , но за жителите значат уште една зима со храна.

Денеска се убиени десетина китови , а нивното месо и внатрешните органи се преработуваат на самото место , на морскиот брег. Китовите најпрвин се довлекуваат до заливот , а потоа се извлекуваат во плиткото .

Дури и децата учествуваат во влечење на јажињата, раскажува Алистер. Државата го одобрува овој начин на лов , бидејќи жителите во сезоната уловуваат околу 800 китови , додека околу островите се проценува дека живеат околу 100 000 примероци од овие морски животни.

притисни ентер