Влијанието кое го имаме на планетата најлесно ќе се сфати доколку се запрашаме “што би било доколку нас не нема“. Тој одговор го понуди страницата „What if”.
За неколку секунди
Кога сите луѓе одеднаш би исчезнале од Земјата, би настанал хаос во истиот момент. Авионите би паѓале, возовите би излегле од шините....
За еден час
После еден час би почнало замрачувањето ширум светот. Електраните би престанале да работат.
После еден ден
Следниот ден компјутерите автоматски би ги исклучиле погоните во нуклеарните електрани и така би се спречила катастрофа. Светот би останал без електрична енергија.
После три дена
Улиците би биле полни со животни.
После 10 дена
За десет дена би попуштиле безбедносните мерки во нуклеарните електрани и би започнале ланчани експлозии, ослободување на токсична радијација ширум земјата. Животните кои живеат во погодените зони би угинале.
Стоката и домашните животни би се повлекле во планините.
После неколку години
За неколку години градовите какви што ги познаваме денеска, би започнале да личат на тематски паркови. Радијацијата би се расчистила, а вегетацијата би започнала да расте по улиците и зградите.
После 30 години
За 30 години сателитите кои сме ги лансирале за да ја истражуваат вселената би се вратиле на Земјата. Куќите и солитерите ќе почнат да се рушат.
После 40 години
Глобалното затоплување би продолжило уште 40 години после исчезнувањето на човекот.
После 60 години
За 60 години морскиот свет ќе почне да заздравува.
После 150 години
Природата би се вратила во првобитната состојба. Лондон би станал мочуриште, во Ванкувер поради снегот и мразот би се издигале костурите на високите згради, Лас Вегас би станал пустина.
После 500 години
После 500 години шумите би станале поздрави отколку што биле во последните 10.000 години, а природата би ја избришала скоро секоја трага од човечкото постоење.