Кампања за одговорно учество во сообраќајот

Хаварисано возило во Градскиот парк испраќа порака до граѓаните – „Тргнаа на летување, а летнаа во провалија....Иван и Ана го загубија животот во сообраќајна несреќа“.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со МВР и градските власти на овој начин ги предупредуваат возачите да внимаваат во сообраќајот.

Кампањата е да се подигне свеста кај возачите под мотото „Не летај, летувај“

Со возење под дејството на алкохол и прекумерна брзина, од РСБСП потсетуваат дека се најчестите причини за сообраќајки, особено за годишните одмори.

Статистиката на МВР, покажува дека лани, вкупно 155 луѓе го изгубиле животот во сообраќајни незгоди.

Од нив 66 биле на возраст од 15 до 40 години. Претходната година, речиси секојдневно се случувале сообраќајки со фатални последици, повеќе од 4.000. најмногу несреќи имало во јули.

Годинава, патиштата во Македонија биле кобни за повеќе од 65 луѓе.

Британскиот парламент усвои закон за враќање баратели на азил во Руанда

Сунак објави дека владата резервирала комерцијални чартер авиони и обучила персонал да испраќа мигранти во Руанда.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера во денот кога Горниот дом на парламентот го усвои потребниот закон вети дека во рок од 10 до 12 недели ќе започне да испраќа во Руанда баратели на азил за да ги процесуираат нивните барања, што беше одложено со месеци поради парламентарните обиди за промена на планот.

Сунак објави дека владата резервирала комерцијални чартер авиони и обучила персонал да испраќа мигранти во Руанда, политика за која се надева дека ќе ја зајакне неговата Конзервативна партија пред изборите подоцна оваа година.

Домот на лордовите долго време одбиваше да го поддржи нацрт-законот, што нема дополнителни заштитни мерки и беше раздор, но на крајот попушти откако Сунак рече дека владата ќе го принуди парламентот да заседава онолку долго колку што е потребно за да го усвои.

Десетици илјади мигранти, од кои многумина бегаат од војните и сиромаштијата во Африка, Блискиот Исток и Азија, стигнаа до Велика Британија во изминативе години поминувајќи го Ламанш со мали чамци на ризични патувања организирани од банди шверцери на луѓе.

Запирањето на протокот на мигранти е приоритет за владата, но критичарите велат дека планот да се депортираат луѓе во Руанда наместо да се работи со барателите на азил во Британија е нехуман. Тие ја наведуваат загриженоста за состојбата со човековите права во источноафриканската земја и ризикот барателите на азил да бидат вратени назад во земјите каде што се соочуваат со опасност.

И по успешното надминување на парламентарните пречки, Сунак се уште може да се соочи со правни предизвици за законот. /МИА

Амирабдолахиан: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

 Санкциите на Европската унија се за жалење, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан.

Санкциите, за кои беше постигнат принципиелен договор минатата недела, треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, пренесуваат британските медиуми.

Амирабдолахиан во објава на платформата Х напиша дека е „за жалење“ тоа што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи своето право за самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесуваат британските медиуми.

На 13 април Иран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, соопштувајќи дека тоа е одмазда за израелското бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера начелно се согласија да ги прошират санкциите кон Иран и да ги прошират рестриктивните мерки против извозот на оружје, беспилотни летала или ракети од Техеран за сојузниците на Иран и Русија. /МИА

„Спајс грлс“ повторно заедно за 50. роденден на Викторија Бекам

Познатиот женски поп-состав од 90-тите - „Спајс грлс“ (Spice Girls) повторно се обедини за 50-от роденден на Викторија Бекам - една од девојките во групата.

Популарните „Спајсици“ сѐ уште се во добри односи. Џинџер, Спорти, Бејби, Скери и славеничката Пош Спајс прославија и со својата позната песна „Стоп“, а видеото од изведбата на Инстаграм го објави сопругот на Викторија, Дејвид Бекам. Забавата се случила викендов во клубот „Освалдс“ во Лондон, а од познатите гости, забележани се и Том Круз, Селма Хајек, Ева Лонгорија и Гордон Ремзи, меѓу другите.

„Пријателството никогаш не завршува“, гласи натписот до заедничка фотографија објавена на „Инстаграм“ страницата на „Спајсиците“.

Инаку, годинава се навршуваат и 30 години од основањето на „Спајс грлс“. Составот првично постоеше од 1994. до 2000 година, но имаше повторни собири и за неколку посебни поводи потоа. Тие се собраа и на затворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.

притисни ентер