Шварценегер го „нападна“ Трамп

Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер  со остар коментар за претседателот на САД , Доналд Трап на социјалните мрежи.

Популарниот актер го нарече Трамп „мало мокро парче“ откако американскиот претседател  изјави дека повеќе му верува на лидерот на Русија Владимир Путин отколку на сопствените тајни служби.

„Претседателе Трамп, токму сега ја гледав твојата прес конференција со Путин и беше срамно. Стоеше тамо како мало  мокро парче, како фан... Се прашувам само кога ќе прашаш за автогра, или селфи или слично нешто?Буквално на оваа прес конференција ги продаде нашите безбедносни служби, нашиот правен систем и најлошо од се нашата земја. Ти си претседател на САД, не би требало тоа да го правиш. Што не е во ред со тебе?, рече во својот остар коментар Шварценегер во видео обраќање на Инстаграм.

Едно лице повредено во престрелка во Маџари

Едно лице е повредено во оружена престрелка што се случи денеска во скопската населба Маџари.

Според првичните информации, повредено лице не е во животна опасност. Другото лице кое учествувало во престрелката е приведено.

До престрелката дошло поради нивно меѓусебно недоразбирање. /МИА

Димитриев: Одлука за претседателскиот кандидат ќе донесат делегатите на Конвенцијата

-Секој има право да се кандидира. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира конвенција, и за тоа ќе одлучат кандидатите.

 Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев не сакаше да коментира дали ја поддржува кандидатирата на неговиот колега, пратеникот Влатко Ѓорчев, за претседател на  Република Македонија, потенцирајќи дека за тоа ќе одлучуваат партиските органи. Она што можам да го кажам, нагласи, е дека јас нема да се кандидирам.

-Секој има право да се кандидира. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира конвенција, и за тоа ќе одлучат кандидатите. Јас не планирам да се кандидирам, барем за тоа можам да ви дадам конкретен одговор, рече Димитриев одговарајќи на новинарско прашање по средбата на експертот од ЕУ Маурицио Варанезе и претставник од Одделот надлежен за Македонија од ЕК Клое Лаурен Динсдел со членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана.

Запрашан дали партијата се подготвува и за парламентарни избори, освен за претседателски, Димитриев одговори потврдно, потенцирајќи дека партијата и побарала нивно одржување и дека очекува оти тие ќе се случат заедно со претседателските.

Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев вчера  најави дека ќе се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат. Денеска поддршка за кандидатурата доби од својот колега пратеникот Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на претседателски кандидати. Рокот за пријавување на огласот трае до крајот на месецов. Кандидатот за претседател на опозицијата ќе биде избран на 16 јануари на партиска конвенција во Струга.

Богдановиќ: Продолжува финансиската поддршка за двете читални

 Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ја посети читалната „Славко Јаневски", каде донираше околу 100 нови книги.

– Сакам уште еднаш да потенцирам дека читалните не ги затвораме, како што имаше шпекулации во јавноста. Општина Центар не само што ќе продолжи финансиски да ги поддржува, туку и понатаму ќе работиме на збогатување на книжевниот фонд, изјави Богдановиќ.

Богдановиќ денешната прилика ја искористи и за да подели нови членски карти од читалните на дел од учениците од училиштето „Гоце Делчев" за да тие и во иднина ги користат нивните услуги. 

притисни ентер