Таткото на војвотката тврди дека таа страда

Томас Маркл, таткото на војвотката Меган Маркл, изјави дека според нејзиното однесување може да се види дека таа “тешко излегува на крај“ со обврските од кралскиот начин на живот.

Таа одбива да разговара со него и своите емоции ги крие зад болната и лажна насмевка.

Маркл изјави дека со Меган не се слушнал уште од венчавката, кога ќерката за последен пат му се јавила за да го праша како заздравува после операцијата.

„Моите моментални впечатоци се дека мојата ќерка е преплашена од животот кој во моментов го води“ – изјавил за „The Sun”, таткото на војвотката откривајќи дека нејзините очи кријат длабока тага.

Foto: Getty

Таткото на Меган изјавил дека и нејзината насмевка иако делува нежно и занесно, всушност е вкочанета и лажна.

„Знам како се смее од раѓање. Не е ова вистинската среќа“ – изјавил ТОмас кој не крие дека Меган после последниот повик престанала да одговара и на неговите пораки.

Таткото на Меган Маркл за британските медиуми зборувал и за неговата здравствена состојба и за тоа дека може да умре во било кој момент и оти би сакал повторно да се слушне со ќерката, да поразговараат и да ја посоветува како да се ослободи од притисокот под кој е во моментов.

Тие двајца, додека таа не стана дел од кралското семејство, не се гледале често, но никогаш не имале долг прекин во комуникацијата.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер