Бабунски веќе не е тренер на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар остана без тренер на само три дена пред реванш натпреварот од првото коло во квалификациите за Лига Европа против ерменски Пјуник.

- Вардар денеска донесе одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски и тој повеќе нема да ја води екипата на „црвено-црните“. На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме многу успех во иднина, соопштија од фудбалскиот клуб.

Бабунски беше назначен за тренер во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски и го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, како и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа.

Вардар на реваншот против Пјуник ќе го предводи досегашниот помошник тренер Александар Васоски. /МИА

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер