Хрватската претседателка е вистински хит на социјалните мрежи- сите зборуваат за доделувањето на пехарот (фото)

Емотивна, спонтана и впечатлива – таква беше хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ после финалето на Светското првенство во фудбал.

Прво влезе на теренот држејќи се за раце со претседателот на Франција, Емануел Макрон, а потоа следеа серија на неверојатни прегратки кои денеска сите на интернет ги коментираат.

Нема сомнеж дека Колинда Грабар – Китаровиќ синоќа беше во центарот на вниманието на доделувањето на медалите за фудбалерите во Русија.

Прво излезе на теренот држејќи се помалку необично за раце со Макрон, што делуваше многу неформално отколку што требаше да биде за ваква свеченост, а потоа следуваа плејадата прегратки, солзи, бакнежи.

Ни ненадејниот силен дожд кој следуваше не ја спречи, таа стоеше во дресот покрај Путин и Макрон кои беа во одела и ги прегрна сите фудбалери, судии и членови на стручните штабови на двете репрезентации.

На крајот го дофати и пехарот кој исто така го бакна.

Нејзиното однесување не помина незабележано на Твитер и таа стана главна тема, а нејзиното однесување е проценето како симпатично.

„Секоја чест за хрватската претседателка. Никогаш не сум видел некој така да се прегрнува со секој што учествуваше во финалето. Светските лидери треба да научат како оваа дама се смее од срце дури и кога губи“ , „Победник е хрватската претседателка. Дрес, дожд, плаче, уништена фризура, а неа не и гајле“ ....беа некои од коментарите.

Некои беа и воодушевени.

„Поради прегратките на убавата хрватска претседателка би трчал до Москва“, „Хрватската претседателка е најпрекрасната личност бидејќи на секого му дава цврста прегратка“.

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та

 Иако во јануари, разочаран од резултатите и перформансите на тимот, Чави Ернандез најави повлекување од тренерската клупа на Барселона на крајот од сезоната, младиот шеф на стручниот штаб доцна синоќа потпиша договор до 2025 година.

Потпретседателот на клубот, Рафа Јусте е пресреќен поради ваквиот епилог од преговорите меѓу играчката легенда на шпанскиот великан од „Камп Ноу“ и првиот човек на управата Жоан Лапорте одржани во домот на претседателот. .

-Чави е многу возбуден поради проектот, тој продолжува да работи затоа што е ентузијаст и затоа што не сака. Тој е исклучително чесен човек, посветен на работата и наш Каталонец, што го покажува со дела, а не само со зборови. Никогаш не сме барале друг тренер, уверува менаџерот на клубот на актуелниот шампион на Шпанија.

Иако Барса со поразот во последното „Ел Класико“ практично му ја отстапи титулата на вечниот ривал Реал и ја заврши мисијата во Лигата на шампионите, повторно останувајќи без крајот на елитното европско натпреварување, раководството верува во Чави на долг рок.

-Одлуката беше едногласна. Спортскиот директор Деко сто проценти застана до тренерот. Не освоивме титули, но ентузијазмот останува. Ја подобруваме играта и им даваме простор на младите играчи. Верувам дека соработката со Чави ќе вроди со плод, оптимист е Јусте во врска со престојот на човекот кој тимот го презеде во 2021 година. /МИА

Блинкен ги повика Вашингтон и Пекинг на „одговорно“ управување со разликите

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги повика САД и Кина „одговорно“ да управуваат со нивните разлики, на почетокот на неговата втора посета на земјата за помалку од една година.

-Имаме обврска кон нашиот народ - и всушност кон светот - одговорно да управуваме со односите меѓу нашите две земји, рече Блинкен во Шангај, пренесе Хина.

Шефот на американската дипломатија вчера во Шангај се сретна со локалниот лидер на кинеската Комунистичка партија (ККП), при што за време на разговорите кажа дека американскиот претседател Џо Бајден е посветен на воспоставување „директен и одржлив“ дијалог меѓу двете земји.

-Мислам дека е важно да се нагласи вредноста - дури и неопходноста - од директен ангажман, да разговараме едни со други, да зборуваме за нашите разлики, кои се реални и да се обидуваме да ги надминеме, рече Блинкен.

Секретарот на Шангајскиот комитет на ККП, Чен Џининг, од своја страна, инсистираше на важноста на американските компании во локалната економија.

Блинкен потоа се сретна со студентите на Универзитетот Њујорк во Шангај, каде што кажа дека се надева дека повеќе Американци ќе студираат во Кина, додавајќи дека американските универзитети се подготвени да ги пречекаат кинеските студенти.

Од своја страна, Пекинг ги осуди жестоките испрашувања на кои се подложени некои негови граѓани, вклучително и студенти, по пристигнувањето на американска територија, иако поседуваат валидни документи.

-Претседателот Бајден и претседателот Си се решени да ги зајакнат нашите врски меѓу луѓето, рече Блинкен. /МИА

Петмина тинејџери се обвинети за тероризам по нападот со нож во црква во Сиднеј

Петмина тинејџери се обвинети за терористички дела за време на истрагата за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј претходно во април, соопшти австралиската федерална полиција (AFP).

„Пет малолетници се обвинети бидејќи Заедничкиот антитерористички тим (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црква во Вејкли“, се вели во соопштението на федералната полиција.

Повеќе од 400 државни и федерални полицајци синоќа извршиле 13 налози за претрес низ Сиднеј.

Двајца тинејџери, 17-годишник и 14-годишник, се обвинети за поседување или контрола на насилен екстремистички материјал добиен или набавен со користење на транспортни услуги.

Двајца 16-годишници се обвинети за заговор за подготвување или планирање терористички чин, додека друг 17-годишник е обвинет за заговор за подготвување или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место.

Во полициската акција запленети се повеќе предмети меѓу кои и електронски материјал.

Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за кривично дело тероризам во врска со прободувањето со нож во црквата на Христос Добриот Пастир во Вејкли, на западниот дел на Сиднеј, на 15 април.

Во таа прилика 53-годишниот свештеник се здобил со тешки повреди на главата, додека 39-годишник во обид да интервенира се здобил со расекотини и рана на рамото. Тинејџерскиот напаѓач бил спречен од граѓаните.

Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа.

притисни ентер