Отворена 34. Ликовна колонија „Дебрца 2018“

Во селото Белчишта синоќа беше отворена Меѓународната ликовна колонија „Дебрца 2018“, една од најстарите манифестации од тој ви во земјата.

- Дебрца е непресушен извор на творечка инспирација. Со колонијата живее цела Дебрца, а не само селото Белчишта, седиштето на локалната самоуправа. Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку олицетворение на уметноста и културата на Дебрца и дека уметноста и културата не се создаваат само во урбаните центри, туку и во руралните средини и на секое место каде што има креативен творечки потенцијал, истакна на отворањето на манифестацијата градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.

Ногачески уште посочи дека уметничките дела создадени на колонијата не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство, за што најави поголем ангажман на локалната самоуправа заманифестациајта во иднина.

Годинешните учесници на собирот ги претстави основачот на Колонијата, ликовниот уметник Ѓоко Целески, кој во оваа прилика на најдолгогодишниот претседател на УО на манифестацијта Јосиф Ефтимоски му врачи посебна благодарница.

Свеченото отворање на манифестацијата беше збогатено со поетски обраќања на професорите Мито Спасевски и Петко Шипинкароски.

Што се однесува до годинешните учесници, на повеќе локации во атарот на Дебрца ќе сликаат нашите уметници Стадим Димитров, Запро Запров, Даниела Димческа, Горан Јованов, Симон Арнаудов, Предраг Јанески, Стојче и Емилија Тоциновски, како и Тасо Констандини од Албанија и уметниците Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева од Бугарија.

Уметниците еден ден ќе творат во пикторесниот амбиент на селото Црвена Вода, додека за десетте дена колку што трае манифестацијата тие ќе ги посетат речиси сите села во општината, вклучувајќи и посета на атрактивниот црковно-манастирски комплекс на Илинска Планина.

Ликовната колонија Дебрца по колекцијата од повеќе од 700 уметнички дела спаѓа и меѓу најбогатите во Македонија, со дела на некои од великаните на ликовната уметност од постарата генерација како Димче Коцо, Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасијески, Љупчо Стефаноски, Мето Георгиевски, Менде Иваноски,Васко Ташковски, Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев... Од 1983 година Колонијата има своја Галерија, а делата на авторите од 2005 година се презентирани во сопствени простории.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

притисни ентер