Сите 11 патници преживеаја пад на авион

Сите 11- мина ја преживеаја авионската несреќа , кога авионот падна во Алјаска.

Крајбрежната стража ги спасила сите патници и пилотот на чартер  авион кој паднал на планината Џамбо.

Тие биле спасени со два хеликоптера , кои се пробиле до планината во услови на слаба видливост. Пилотите бна хеликоптерите биле посебно пофалени , поради тоа што во исклучително тешки услови успеале да се пробијат на местото на несреќата со видливост од десетина метри.

Сите патници се добро , освен неколкумина со лесни повреди, кои биле однесени во блиската болница .

Нелоска: Здравството во Македонија тоне

Здравството во Македонија тоне од ден во ден. 

Го допревме дното со лоши услови за работа, напади на медицински персонал, измалтретирани пациенти.

Што се случуваше деновиве? Нападнат медицински персонал на Клиника за токсикологија, нападната медицинска сестра на „Карил", напад на медицинско лице на Детската клиника, а претходно скандал со претепаната медицинска сестра во детската болница „Козле".

И додека ова се случува, министерот за здравство бара помош за обезбедување на јавните здравствени установи од министерството за внатрешни работи и министерството за одбарана.

Почитувани,

Дали министерот за здравство воведува вондредна состојба на Клиничкиот центар? Замислете, не му се давале пари за ангажирање за агенција за обезбедување на Клинички, па затоа разговара со колегите од внатрешни и одбрана. Сака полицајци или војници да патролираат во кампусот клиники! Среќна Нова 1949 година!!!

Министерот за здравство, Филипче сака да се најдат лица кои се плаќаат од Буџетот, меѓутоа од друго министерство.

Министерот со ова покажува дека воопшто не му е грижа за медицинскиот персонал. А, секако не му е грижа ниту за пациентите, зошто во вакви пресметки кога граѓани од различни причини напаѓаат медицински персонал секој може да настрада.

Министерот смета дека, дека да се плати обезбедување на здравствените установи е премногу скапо, односно безбедноста на докторите, сестрите, пациентите е премногу скапо. Но не смета дека е премногу скапо кога планира 35 милиони евра годишно за биохемиски реагенси, и за тоа кој ќе го добие тендерот. Ниту пак смета дека е скапо да се плати 1,5 милион евра за лубриканти. Тогаш тој многу се грижи за парите. Постапките говорат дека кадрите на СДСМ се однесуваат исто како аболицираниот криминалец Зоран Заев. Ваквото однесување е само уште еден доказ дека станува збор за криминална и однародена власт.

Време е веќе да се стави крај на ваквото министерување на министерот за здравство. Време е да се стави крај на уништувањето на здравствениот систем. Филипче мора да замине. /МИА

Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис.

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit", јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис од Солун, уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да го поддржи Договорот од Преспа, објаснувајќи зошто тие сметаат дека договорот меѓу двете земји е лош договор.

– Уште еднаш ќе кажам, Договорот од Преспа е лош договор. Нова демократија нема да гласа ниту во сегашниот парламент, ниту во следниот, доколку не биде ратификуван во овој парламент. Оние работи што сега веќе се гласаат во Скопје,  се полоши и од почетниот текст договорен меѓу господинот Ципрас и господинот Заев, како што отпосле беше принуден да признае дури и господинот Коѕијас, основниот преговарач за договорот. На кратко, Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, надополнувајќи го со дополнителни негативни завршени работи за иднината, рече Мицотакис и додаде дека „погрешните управувања од страна на владата, за жал веќе ги отруја општествата и од двете страни".

Со оглед на тоа дека говореше на самитот организиран од Федерацијата на индустрии од Северна Грција, Мицотакис се задржа и на економскиот аспект на Договорот од Преспа за кој смета дека е негативен.

– Договорот Ципрас- Заев е договор што не им служи на нашите национални интереси и во областа на економската соработка, нешто што особено ве интересира. Мојата процена е дека на крај ќе создаде повеќе проблеми од тоа што се претпоставува дека ќе реши, рече Мицотакис и ги потсети присутните на податоците од минатата година дека Грција е трет најголем снабдувач и трет по големина трговски партнер на Македонија.

Лидерот на Нова демократија ги спомена и областите во кои има трговска размена, но и „милионите пристигнувања од соседната земја".

– Сѐ ова што ни кажува? Покажува дека и покрај 25-годишното национално нерешено прашање во нашите билатерални односи, и покрај речиси 10 годишната криза во Грција, и покрај големите технички, административни проблеми на царините, нашите економски односи останаа блиски.  Како што во суштина остана пријателски и односите на двата народи, кои во суштина не беа никогаш нарушени, иако постоеше ова нерешено прашање, рече Мицотакис и изрази стравување дека можеби овие односи сега се повредени поради Договрот од Преспа.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, говорејќи за регионот и земјите од Балканот рече дека Нова демократија ја поддржува европската перспектива, но само доколку се исполнат предусловите.

– Грција, јас лично и секако Нова демократија ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан , но непроменлив  предуслов за успешно да се заврши овој тек е комплетна усогласеност со европското законодавство. Во ова е вклучено не само владеењето на правото, туку и правилата на добрососедски односи, но и почитувањето на правата на националните малцинства, истакна претседателот на Нова демократија.

Мицотакис порача дека 100 години по крајот на Првата светска војна никогаш не треба да се заборави дека „едно е здравиот патриотизам, а друго национализмот", бидејќи, како што рече, патриотизмот дозволува градење мостови на соработка, а национализмот води до градење ѕидови на изолација, нешто што според лидерот на Нова демократија, особено важи за регионот на Балканот.

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле" денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер" на новата редовна авионска линија од и кон Виена.

Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон Лондон, но поради слаб интерес таа е во мирување до 2 април идната година.

Предвидено е на аеродромот првите патници од Виена да ги пречекаат Алпер Ерсој, генералниот директор на „ТАВ Македонија", Љупчо Јаневски, директор на Агенција за туризам, како и градоначалниците на Охрид и на Струга Јован Стојаноски и Рамиз Мерко. /МИА

притисни ентер