Во живо

последно ажурирање на 7.2018

Македонија поканета од НАТО да стане 30-та членка на Алијансата

Македонија поканета да стане триесеета членка на Алијансата. Еве тоа како изгледа од изјавата на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

на 7.201819:54
на 7.201819:38

Премиерот Заев на панелот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел

Република Македонија станува дел од семејството, во куќа во која припаѓаме, рече премиерот Заев на панел дискусијата на НАТО.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, првиот ден на НАТО Самитот, на шефови на држави и влади, го започна со учество на панелот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“.

Учеството на панелот се совпадна со соопштението кое во истиот момент беше објавено, дека земјите членки на НАТО донесоа одлука да ја поканат Република Македонија да ги отпочне завршните преговори за полноправно членство во алијансата, и делегацијата на Република Македонија беше пречекана со аплауз и одобрување од гостите и учесниците на панелот.

На почетокот од своето обраќање на панелот, премиерот Заев истакна дека со одлуката на земјите членки на НАТО да испорачаат покана за нашата земја, Република Македонија станува дел од семејството, во куќа во која припаѓаме.

Во дебатата на панелот, премиерот Заев одговараше на повеќе прашања и нагласи дека Република Македонија во изминатите години постојано работеше на подигање на стандардите и на имплементација на вредностите што ги негува алијансата.

Република Македонија и дотогаш, и од тогаш натаму, активно учествува во мисиите на северно-атлантскиот сојуз. Заедно со Алијансата, нашата земја, активно придонесува во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам.

Припадниците на АРМ добиваа доверба да бидат дел или да бидат главни актери во сериозни безбедносни предизвици. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на припадниците на АРМ, како и на цивилните структури на нашата администрација.

Премиерот Заев одговараше и на прашањата поврзани со безбедносните политики и регионалната соработка, како и за мостовите за соработка кои ги градиме со сите соседи.

Во дебатата посебно место имаше Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство со Грција, со што беше откочен нашиот прием во Алијансата и беше пресуден момент Република Македонија да добие датум за преговори со ЕУ. Нашата земја конечно го добива местото што го заслужува.

на 7.201818:28

Радувај се Македонијо!

Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени.

Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата.

Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми.

Денес е голем, историски ден, за Република Македонија.

Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја.

По тој повод, во овој момент гостувам како говорник на конференцијата NATO ENGAGES во рамки на Самитот во Брисел..напиша премиерот Зоран Заев на фејсбук.

на 7.201818:06

Премиерот Заев пред новинарите во Брисел одговара на прашања на панел дискусијата ,,Бриселски разговори" , што се одржува во рамките на Самитот , а една од главните теми е проширувањето на НАТО.

на 7.201817:42

,,Вратата на НАТО е и останува отворена. Топло го поздравуваме минатомесечниот историски договор меѓу Атина и Скопје и денеска се согласивме да ја поканиме Владата на Скопје да започне пристапни преговори. Штом сите национални процедури бидат комплетирани за да се финализира Договорот за името, земјата ќе се приклучи во НАТО како наш 30. Член., изјави генералниот секретар на НАТО .

на 7.201817:22

на 7.201817:18

Турскиот министер за надвореши работи на Самитот на НАТО ја бранеше одлуката на својата земја за набавка на Руски противракетен систем С-400, прв во некоја од земјите членки на Алијансата.

Чавушоглу истакнал дека Турција е суверена земја и дека набавката на системот С-400 е нешто што и е потребно на Турција.

на 7.201816:18

,,Денеска ќе ј засилиме нашата заедничка одбрана и моќта на одвреаќање , како и напорите својата улога да ја проектираме и надвор од нашите границиу и да се бориме против тероризмот. Праведната поделба на товарот е оснпва на се што работиме .”, рече генералниот секретар на НАТО ; Јенс Столтенберг на отворањето на дводневниот Самит.

на 7.201816:04

на 7.201816:04

на 7.201816:03

на 7.201816:03

По завршувањето на денешната сесија на Самитот на НАТО на лидери на држави и влади , пред новото седиште пред малку се одржа и групното фотографирање.

на 7.201815:53

на 7.201815:48

Генералниот секретар на НАТО , Јенс Столтенберг на лидерите на шефови и влади од земјите членки на Алијансата , им го покажува новото седиште во Брисел . Повеќето претседатели и премиери со внимание ја следеа изложбата , освен Доналд Трамп , кој не можеше да се сконцентрира поради тоа што попатно зборуваше со повеќето од лидерите.

на 7.201815:00

Заклучокот за Македонија кој претпоставува покана за старт на преговорите а зачленувањето да се случи по целосно заокружување на обврските од договорот со Грција е содржан во финалното комунике кое ќе биде објавено денеска .

Канал 5 има своја екипа во Брисел. Таму е Александар Видиновски.

Какво е расположението во македонската делегација и што се случува друго на самитот на кој главен лик сепак е американскиот претседател и неговите барања сојузниците подеднакво да го полнат буџетот за одбраната на НАТО?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Новата Мис на Буенос Аирес има 60 години, цел свет зборува за неа (ВИДЕО)

Алехандра Мариса Родригез, адвокатка и новинарка, неодамна ја освои титулата Мис Буенос Аирес и се квалификуваше за изборот за Мис на Аргентина.

Можеби веста не ви е премногу интересна, но кога ќе слушнете колку години има - сигурни сме дека ќе се шокирате.

На крајот на 2023 година, изборот за Мис Универзум ја укина старосната граница, која се применуваше од 1958 година. Поради оваа причина, изборот повеќе не е ограничен на натпреварувачки на возраст од 18 до 28 години.

Потребно е само тие да се полнолетни, што отвори надеж и за Алехандра.

Причината? Многу едноставно - жителката на Буенос Аирес има 60 години, а на неодамнешното натпреварување победи многу помлади девојки.

„Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги скршиме бариерите“, рече таа.

Нејзиниот младешки изглед предизвика бурни реакции на интернет, а многумина беа шокирани од фактот дека таа може да биде нивна баба!

Следниот натпревар за Мис Аргентина се одржува на 25 мај, а се верува дека таа има шанса да победи, пренесува Oddity Central.

Зборувајќи за својот изглед и за тоа како успева да изгледа младешки, Алехандра открива дека вежба три пати неделно, повремено пости и се труди да се храни здраво. Исто така, користете добри креми за кожа.

Алехандра е разведена и живее сама, а се пошегува дека „нејзиниот статус“ можеби придонел за нејзиниот успех на неодамнешното натпреварување.

„Мислам дека судиите ја видоа мојата самодоверба и страст да ги претставувам жените од мојата генерација. Убавината нема рок на траење, за да бидеш убава само треба да веруваш во себе и да бидеш автентична“.

Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. 

Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража.

Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Да му помогнеме на малиот Војдан, кој треба да оди на рехабилитација во Загреб

Малиот Војдан, заради рехабилитација од церебрална парализа, на 06 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец. 

Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција. Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Контактите од Марија Спасовска, мајката на Војдан се:

[email protected]

072221907

притисни ентер