Холивуд веќе подготвува филм за тајландската драма?

Холивуд на местото на смртоносната пештера во Тајланд.

 По среќниот крај  двајца американски продуценти веќе  започнаа и преговори околу евентуално снимање на филм, кој ќе се базира на патешествието на децата и нивниот тренер во тајландската пештера.

Мајкл Скот и Адам Смит од една американска филмска компанија, веќе се во Там Луанг и водат преговори за создавање на филмски проект, пренесува „ББЦ“.

Запрашани од новинарите, дали она што го прават е можеби безчувствително, Смит одговори дека набргу ќе се појават други продукциски куќи, на кои исто така ќе им биде интересна оваа приказна, па поради тоа тие мораат брзо да реагираат.

Засега не е познато дали ќе има филм или не, но ако преговорите поминат успешно, наскоро би можеле да видиме уште еден филм на Холивуд, кој се однесува на вистинска животна приказна.

Познат Ди Џеј убиен на улица во Лос Анџелес

Музичкиот продуцент и Ди Џеј познат под името „ DJ Official“ на кого вистинското име му е Лесли Андре Вејкфилд е усмртен на сред улица во Лос Анџелес.

Популарниот „DJ Official“  имал само 26 години, а бил познат по соработките со многу рапери и музичари како Карди Б.

Поради работата на нејзиниот албум „ Invasion of Privacy" кој тој го продуцирал , младиот продуцент годинава доби и Греми награда.

Според „КТЛА“  младиот „ DJ Official“ седел во кола со уште еден маж кого друго возило застанало покрај нивното и напаѓачот или напаѓачите почнале веднаш да пукаат  во нив двајца. Продуцентот починал на самото место , а вториот маж е во болница и неговата состојба е стабилна.

Фото: Млада загрепчанка најде решение за горештините во градскиот превоз!!!

Мажите уживаа, млада загрепчанка најде решение како да се победи горештината во градскиот превоз.

На популарната фејсбук страница „Славорум“ се појави интересна фотка  од градскиот превоз во Загреб.

На фотографијата може да се види млада девојка која облечена само по маичка и долна облека е навалена  на отворениот прозор.

Еден од патниците ја фотографирал девојката , која на чуден начин се обидувала да се олади во овие спарни денови.

Фотографијата во рекорден рок на фејсбук собрала повеќе од 14 000 лајкови.

-Импровизирај. Прилагоди се. Совладај го топлото време во Хрватска, пишувала во описот на фотографијата.

ОСВЕЖИТЕЛЕН ХЕЛЕН ЧИСКЕЈК

Рецепт на Елена Павловска

Потребни состојки:, околу 500 мл. слатка павлака, 200 гр. шеќер во прав, 200-300 гр. крем сир, 90 гр. путер, 300 гр. плазма кекси, 300 гр. микс од аронија, брусница и боровница , 1 лажичка густин и 1 лимон.

Постапка:

Во подлабок сад се става слатката павлака и се мати со миксер додека не се згусне.

Се додава шеќер во прав и се продолжува со матење.

Потоа се додава крем сир и се продолжува со матење се додека не се добие хомогена смеса.

За тоа време во друг сад се блендира путер и дробени плазма кекси.

Белиот крем се става во шприц.

Блендираниот путер со плазма кекси се распределуваат во пластични чашки,

Одозгора се става од белиот крем со шприц.

Врз кремот се додава каша од: густин,  микс од аронија, брусница и боровница и еден лимон.

притисни ентер