Ева Лонгрија на прва фотографија со новороденото бебе

Холивудската актерка Ева Лонгрија на 43 години стана мајка . Таа не ја крие среќата и ја сподели со фановите првата фотографија .

Ева се фотографираше со синот Сантијаго и ја објави на социјалните мрежи , каде илјадници фанови и честитаа. Таа се пофали дека ужива со малиот Сантијаго Енрике.

,, Утринско галење со овој ангел е најдобро .“, напиша Ева на Инстаграм.

 

Morning cuddles with this angel are the best! 👶🏻 #HappyFriday

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Таа се породи на 19 јуни во Лос Анџелес , а за американските магазини таа со нејзиниот сопруг , 50 годишниот Хозе Бастон изјавија дека се благодарни на овој прекрасен благослов.

Ни трага ни глас од големата филмска ѕвезда

Најголемата кинеска ѕвезда , актерката Фан Бингбинг , исчезна без трага , па дури и нејзиниот вереник ги избриша сите нејзини фотографии.

Актерката Фан Бингбинг , петта најдобро платена филмска ѕвезда ваднаш зад Џенифер Анистон и пред Шарлиз Терон , исчезна од јавноста пред два месеца. Тогаш избил скандалот со актерите во Кина , кои не ги пријавувале сите свои приходи.

Тогаш преку своето стуфио , Фан ги отфрли обвинувањата. Дури и деталите околу оваа објава се сомнителни зашто во неа се вели дека актерката е ,,ставена под контрола и ќе се соочи со законската пресуда.” Но , оваа објава набргу беше отстранета , а избришана е и од сите медиуми и социјални мрежи каде што се појавила.

Во меѓувреме од славната актерка се дистанцираа и компаниите и брендовите , а нејзиниот вереник ги избришал сите нејзини фотографии и објави за неа од својот профил . За тоа време , никој не знае што се случило со најславната кинеска актерка , која беше редовен гостин на сите големи филмски фестивали во светот.

Се шпекулира дека Фан станала премногу популарна и влијателна за вкусот на владејачките структури во Кина.

,,Амазон” отвора 3 000 продавници без продавачи (ВИДЕО)

,,Амазон” планира да отвори 3 000 нови продавници без благајни до 2021 година .

Извршниот директор Џеф Безос се обидува да најде вистински формат за овој скап потфат , пишува специјализираниот магазин Блумберг.

Новите магазини би имале формат на минимаркет и да нудат свежо подготвена храна и други продукти како во 7/11. Друга можност би била да се отворат маркети од типот на продавници за откуп. Првата продавница без благајна е отворена во Сиетл во 2016 .

Од тогаш биле отворени уште две во истиот град и една во Чикаго. Купувачите влегуваат во овие продавници со апликација на мобилен и откако ќе извршат скенирање . Во продавницата купуваат сендвичи и брза хтана , пијалоци и грицки. По тоа заминуваат , а сметката им се наплаќа преку апликацијата.  

Син на диктатор пристигна во Бразил со торба полна кеш и злато , додека во неговата земја умираат од глад

Бразилските власти одзеле над 16 милиони долари во кеш и луксузни часовници во амбасадата каде што бил Теодорин Нгнема Обианг , потпретседател на Екваторијална Гвинеја.

Бразил не дозволува во земјата да се внесе повеќе од 2 400 долари во кеш , а синот на диктаторот кај себе имал 1,5 милиони долари и две торби полни со скапоцени часовници проценети на 15 милиони долари , како и 17 куфери со облека.

Делегацијата од 11 луќе , кои допатувале во Бразил со владин авион , слетале во Сао Паоло , а по сензационалното откритие на царината , во амбасадата на оваа земја изјавиле дека парите му биле потребни на Обианг за да го продолжи патот кон Сингапур, а часовниците биле за негова лична употреба.

Во амбасадата на оваа сиромашна земја , каде жителите буквално умираат од глад , изјавиле и дека синот на диктаторот пристигнал во Бразил за лекување.

Тој е син на претседателот Теодор Обианг Нгнема , вечен лидер на земјата пребогата со нафта , кој е на таа позиција од 1979 година. Околу 70 проценти од 1,2 милиони жители на оваа земја живеат во екстремна сириомаштија.

притисни ентер