Преименување и нова поставка предлага работната група за „Музејот на македонската борба“

Преименување на Музејот на ВМРО и итна ревизија на постојниот ентериер во него – бара работната група од Министерството за култура. 

Со ова, националната установа ќе добие ново преуредување кое ќе го опфати целокупниот историски моментум кој нема да прави општествени поделби, а да не биде, како што велат, партиски музеј.

„Според наше мислење, би требало доминантно место да земаат оригинални документи и оригинални предмети, a помалку да бидат застапени восочните фигури и таканаречените уметнички слики. Направен е еден континуитет од 1893 до 1991 година во кој од вкупно тринаесет поглавја во осум се чисто историја на ВМРО, а во другите пет повторно има елементи каде што повторно на индиректен начин се зборува за дејците на ВМРО низ историјата,“ изјави Александар Литовски, претседател на комисија за утврдување на стручноста на Музејот на ВМРО.

Групата детектирала низа неправилности и прекршувања по различни основи. Според нив, во првата година биле потрошени речиси 300.000 евра, за таа сума до отворањето да стигне до 12 милиони евра. Замерки има и за статусот на Музејот како „културно наследство“, бидејќи нема документи со кои музејскиот материјал во него е категоризиран како таков.

„Изградбата на овој музеј е ставена во музејска и кинотечна дејност, тоа е веќе прекршување на Законот за буџет и злоупотреба на пари кои што се наменски. Прекршување на Законот за музеј, посебно на член 7 кој се однесува на условите за основање на музејот, меѓудругото во него стои дека треба да биде изработен елаборат кој што го нема, не постои, вели Донка Барџиева Трајковска, член на комисија за утврдување на стручност на Музејот на ВМРО.

Работната група беше формирана во март со решение од тогашниот министер Алаѓозовски. Изработениот елаборат од 31 страна ќе биде доставен до Владата. Во него ќе биде содржано и барањето  да се состави стручна комисија која ќе работи на промените кои се бараат бидејќи направените пропусти се должат на претходната комисија чиј состав бил неадекватен.

Прв пат по десет години и во Лас Вегас падна снег (ВИДЕО)

И во Лас Вегас , каде температурата ретко паѓа по 10 степени , денеска паѓа снег.

Прв пат по повеќе од еесет години падна снег во Лас Вегас . Според метеоролозите , снегот го донел студен воздушен бран , формиран на мала височина.

Предвидуваат дека во среда ќе има нови врнежи од снег во Лас Вегас.

„Само Вистина“ со Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа  Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Ангеловски за писмото од Коневски до Мицкоски: Бидејќи искрено ме интересираат сериозни работи немам време да читам несериозни обраќања на членови на политичка партија.

Јонуз: Секој кој мисли дека има некој кој ќе почне демонтажа на нелегитимната власт е апсурд. Било кој да победи тоа ќе биде плод на исценирана работа или однапред договорена.

Јонуз: Процесот е конструктивен бидејќи за прв пат границите еднаш засекогаш се обезбедени на Република Македонија.  Сите елементи на кои темели спротивната опција кон која клони и Ангеловски се апсурд.

Ангеловски: Не знам дали се лажете себеси или ја лажете целата јавност. Албанците во 1991 го бојкотираа референдумот.

Јонуз: Среќен сум конечно зашто по 27 години државата фати курс во правец  и што нема повеќе да се занимаваме со војводи со Гоце Делчев и Скендербег.

Ангеловски: Зошто ви пречи нашето македонско минато. Зошто со цинизам зборувате за нашите револуционери и за херој на македонскиот народ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Поранешната израелска шефица на дипломатијата со солзи се прости од политиката (ВИДЕО)

,,Мирот стана нечист збор, а демократијата е во опасност” , рече низ солзи израелскиот политички ветеран , поранешната шефица на дипломатијата, Ципи Ливни .

Поранешниот преговарач со Палестина , позната по своите умерени ставови, стана позната откако учествуваше во преговорите под покровителство на САД , но во 2014 тие пропаднаа.

,,Ја напуштам политиката , но нема да дозволам Израел да ја напушти надежта за мир.” , рече низ солзи Ливни на прес конференцијата во Тел Авив.

Таа го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со истрагата на државните агенции против него и неговите напади врз медиумите.

Според анкетите , на изборите на 4 април , партијата на Ливни , хатнуа , нема да освои ниту едно место во Парламентот.

притисни ентер