СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

Вардар ја забележа седмата победа на седмиот меѓусебен дуел со Кристијанштад

Продолжува максималниот ефект на ракометарите на Вардар на средбите со шведски Кристијанштад, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ црвено-црните триумфираа со 33:25.

Ова беше натпревар од второто коло во Лигата на шампионите по кој македонскиот претставник има максимални четири бода.

Победникот беше решен уште по првото полувреме со оглед на убедливите девет голови предност (19:10) за домаќините.

Двојките за другите натпревари од втората рунда во А групата се: Киелце – Рајн Некар Левен, Барселона – Веспрем и Мешков Брест – Монпелје.

Во следното коло, на 29 септември Вардар гостува во Унгарија кај Веспрем. /МИА

Трајковски продолжи да ги тресе противничките мрежи, му се придружи и Несторовски

 Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски имаа значаен придонес во најновиот триумф на Палермо. 

Тимот од Сицилија попладнево во 4.коло од Серија Б  ја победи Перуџа со 4:1.

Трајковски најпрво му асистираше на Белуши во 14.минута, а потоа постигна гол во 58.минута. Ова за него е втор погодок во новата сезона.

Својот првенец го забележа Илија Несторовски кој во листата на стрелците се запиша во 18.минута, а 50 минути подоцна (68.минута) од пенал го постигна својот втор гол на натпреварот.

Со новите три бода Палермо се искачи на 3. место на табелата со две победи и два нерешени исхода. 

Гачевски: Одиме на победа на дербито со Работнички

 Вардар сезонава има три победи и две нерешени средби во петте досегашни натпревари, а голманот Филип Гачевски се надева дека вечерва ќе биде остварен четвртиот триумф во првенството.

- Играме дерби против Работнички, градско дерби кое што сметам дека ќе го одлучуваат повторно ситници после минатите натпревари. Работнички е екипа за респект, загубија минатото коло и сега сигурно ќе сакаат да се поправат. Меѓутоа нашата цел е три бода и ќе дадеме се од себе да ја исполниме. Атмосферата во екипата е одлична, и сите сме подготвени за уште еден триумф, изјави Гачевски за клупскиот сајт.

Натпреварот со кој ќе биде отворено 6.коло во ПМФЛ ќе се игра со почеток во 19 часот на „Филип Втори“ во Скопје. 

притисни ентер