Финците се најсреќниот народ, а каде се Македонците?

Најсреќен народ на светот се Финците, додека Македонија се наоѓа на 89-тото место од 156-те земји кои се анализирани.

Кога станува збор за поранешните југословенски држави, зад нас се наоѓа единствено Босна и Херцеговина, додека останатите поранешни југословенски држави се наоѓаат погоре на листата од нас, покажува најновото Светско истражување за среќа за 2018 година.

Веднаш зад Финска се наоѓаат Норвешка, Данска, Исланд и Швајцарија. Кога станува збор за земјите од ЕУ, најсреќни се жителите на Австрија, кои на оваа ранг листа го заземаат високото 12 место. Зад нив се Германците, на 15-тото место.

Истражувањето за среќата, кое го направи Медиа Галуп, покажува дека Финците се најсреќниот народ, но граѓаните на таа земја не се согласуваат со таквата оценка.

„Финците, но и останатите нордиски народи по природа се интровертни, тешко ги покажуваат емоциите. По тие одлики, тие се целосна спротивност на латино американците, на пример, кои имаат бурни реакции“ – изјавил Маик Викинг, директор на институтот „Happiness Reasearch”, пренесува „БиБиСи“.

Професорот на Универзитетот Британска Колумбија – Џон Халивел и еден од уредниците на Светскиот извештај за среќа, објаснил дека во ова истражување не станува збор само за емоции, туку дека оваа анализа повеќе се однесува на задоволство во квалитетниот живот и уредениот систем.

Бруто домашниот доход по глава на жител допринесува за квалитетот на живот и го продолжува животниот век. Но го продолжува и сознанието дека се грижите за некој, дека знаете оти има некој кој ќе ви помогне и слобода да донесе одлука. Значи, овде станува збор за доверба и широкоградост, а Финска високо рангира по овие критериуми“ – изјавил Халивел.

Каде е Македонија, а каде се поранешните југословенски републики

Како и во многу истражувања, и во ова Словенија, кога станува збор за поранешните југословенските републики е најдобро рангирана и се наоѓа на “високото“ 51 место. Зад неа на 78 место се наоѓа Србија.

Нешто “понесреќни“ се граѓаните на Црна Гора која се наоѓа на 81 место, а Хрватска на 82 место.

Додека зад Македонија се наоѓаат само жителите на Босна и Херцеговина, кои го заземаат 93 место.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер