Случајот со таксистот кој влета меѓу пешаци во центарот во Москва – несреќа или терористички акт?

Кремљ соопшти дека со “олеснување“ ја примил веста дека никој не загинал во инцидентот кој го предизвика таксист кој влетал меѓу пешаците во центарот на Москва.

Таксист во саботата со својот автомобил влета меѓу пешаците во центарот на Москва, во близина на Црвениот плоштад и повреди осум лица, меѓу кои и две Мексиканки кои дошле на Светското првенство во фудбал.

Руската полицијата соопшти дека возачот, за кој соопштија дека е 28 годишен Киргистанец, изјавил дека заспал зад воланот и случајно додал гас. Тој во полиција изјавил дека пред несреќата немал спиено 20 часа.

Премиерот на Киргистан, Мухаметкалиј Абилгазил им се извини на жртвите од несреќата и ги повика во Киргистан на медицинска помош и заздравување, пренесува агенцијата „РИА Новости“.

Рускиот политичар Евгениј Ројсман, поранешен градоначалник на еден од 11 градови домаќини на Светското првенство во фудбал, Екатеринбург, изјавил дека инцидентот делувал како терористички напад.

Тој на социјалната мрежа „твитер“ напишал дека бидејќи “внимателно ја гледал видео снимката“ заклучил дека таксистот намерно тргнал кон пешаците.

„Има многу верзии: една е дека заспал, друга дека бил пијан, трета дека погрешно стиснал на гас. Одлучете се“ – навел Ројсман и додал дека “верува оти станува збор за терористички акт".

Полицијата во Москва во саботата соопштила дека го истражува тој случај како сообраќајна несреќа и денеска за агенцијата „АП“ потврдила дека тоа не се променило.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер