Македонија и Грција во Псарадес потпишаа договор за иднината

Македонската делегација, предводена од премиерот Заев, во 10 часот и пет минути со глисер вплови на малото пристаниште, кое водеше на големиот чин на потпишување на договорот со Грција.

На пристаништето на Псарадес, од грчката страна на Преспа, срдечни прегратки и охрабрувачки зборови.

Аплаузот и изразите на поддршка од високите гости ја навестија свеченоста на потпишувањето на спогодбата за ставање крај на 27-годишниот спор, по што шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас ги ставија своите потписи на договорот. По нив, документот го потпиша и медијаторот Метју Нимиц, кој имаше причина за двојно славје. Денеска наполни 79 години.

Пред потпишувањето на договорот, претходеа обраќањата на двајцата премири. Научивме дека треба да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. На темелите од минатото – градиме иднина, порача премиерот Зоран Заев.

Премиерот Ципрас рече дека договорот ги почитува основните принципи и вредности на двете страни. Призна и дека е љубител на балканската музика и дека со денешниот повод, повторно дошло време да се пеат среќни песни на Балканот.

- Една таква нова песна започнуваме да пишуваме овде во Преспа. Нашата цел е оваа песна на радоста да се пее многу векови и од многу идни генерации, на нашиот јазик и на вашиот јазик, во нашата земја и во вашата земја, од нашиот народ и од вашиот народ. Песна што ќе го слави мирот, рече Алексис Ципрас, премиер на Грција

Медијаторот Метју Нимиц ги пофали четворица лидери за како што посочи, мудрото лидерство и стратешката визија. За него, немало подобара роденденски подарок од денешниот.

Ми беше задоволство да соработувам со овие двајца министри, но и со сите претходно на овој долг и тежок процес разрешувајќи го овој проблем што долг период резултираше со една спогодба која е правична, чесна и спроведлива, тоа ќе биде успех не само за односите меѓу двете земји туку ќе служи и како приемр за регинот, дека два соседа ,можат да решат проблем ако се заложат за истиот, изјави Метју Нимиц, посредник во спорот за името

Додека се одвиваше потпишувањето на договорот, неколку стотици демонстранти се обидоа, но не успеаја да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во селото. Полицијата употреби солзавец и ја разби толпата, која според грчките медиуми, со 80 автобуси претежно од Солун дошле во Преспа. Македонската и грчката делегација со глисери безбедно стигнаа во Отешево, на заедничкиот ручек.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер