Со доделување на наградите завршија Рациновите средби 2018

Со доделување на наградите синоќа во Народниот театар во Велес заврши 55. издание на поетската манифестација „Рацинови средби“.

Рациновото признание за 2018 му беше врачено на Игор Станојоски за романот „Диссомнии“ во издание на „Антолог“, а Почесното Рациново признание на Дијана Влатковиќ и д-р Борјана Прошев-Оливер од Хрватска за Хрватско - македонски речник. Наградата „Антологија на болката“ за електронска објава ја доби Емилија Каранфиловска за „Изградив дом во твојот поглед“.

Проф д-р. Христо Петрески, член на жири комисијата, појасни дека ова е најзначајното признание во Македонија што се доделува за проза.

- Тоа значи дека нема автор во Македонија којшто не го посакува. Јас заедно со професор д-р Луан Старова и професор д-р Венко Андоновски како жири комисија имавме тешка и одговорна задача да го одбереме добитникот во куп од 20 дела. Читавме романи и раскази, а конкуренцијата беше мошне сериозна, рече Петрески.

За наградениот роман, истакна дека станува збор за компактно и комплексно дело, за извонреден ракопис, книга за која верува дека ќе биде во самиот врв на македонската прозна продукција и која ќе си го најде патот до читателите.

Петрески најави дека наскоро на „Рациновите средби“ ќе се доделува и награда за најдобра поезија, не само на поети од Балканот, туку и од целиот свет.

Добитникот на Рациновото признание, 39-годишниот Игор Станојоски во изјавата за МИА потенцира дека наградата за него има големо значење.

- Мислам дека наградите претставуваат мотивација за писателите да продолжат со творештвото, но тоа според мене има помало значење, бидејќи писателот не треба да чека награди за да има мотивација. Мислам дека наградите се мотивација за читателите кон квалитетната литература и многу е важно наградите да се доделуваат праведно за да им дадат правилен патоказ на читателите, изјави Станојоски.

Идејата за романот, како што појасни, потекнува од 2014 година и периодот на, како што вели, инкубација траел до пролетта 2017 кога се зафатил со активна работа од пет-шест месеци. - Идеите беа црпени од некои настани што се случија на преломот од 2013 и 2014 година во врска со воената револуција во Украина од што потекна првата и главна идеја за овој роман, нагласи Станојоски.

Добитниците на Почесното Рациново признание најавија и македонско-хрватски речник.

- Работата на речникот беше многу тешка и макотрпна. Пет години сами работевме. Приказната останува недовршена, затоа наскоро треба да се направи и македонско-хрватски речник. Сега логистиката треба да се осмисли и се надевам дека оваа Рациново признание ќе ни отвори некоја врата за што поскоро негово издавање, изјави Борјана Прошев –Оливер.

Рациновите средби завршија со концерт на етно групата „Љубојна“. Годинава, се одбележуваат 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Коста Солев Рацин. /МИА

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер