Курц: Македонија сега има шанси да се приклучи кон ЕУ

 Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ.

На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, Курц додаде дека Виена им честита на Скопје и на Атина за решавање на спорот за името и се надева дека тоа ќе придонесе за понатамошно приближување меѓу Западен Балкан и ЕУ. 

Четири жртви во невремето на Крит

Припадниците на грчката спасувачка служба пронашле тела на четири лица во автомобил , носен од надојдените води.

По силното невреме што викендов го зафати островот Крит , четири лчица исчезнаа. Денеска спасувачите ги нашле четирите тела на патниците и возачот во еден дол , каде надојдените води го одвлекле автомобилот.

Противпожарната служба официјално соопшти дека телатас е најдени во автомобил , потонат во реката Герапотамос.

Прв пат по десет години и во Лас Вегас падна снег (ВИДЕО)

И во Лас Вегас , каде температурата ретко паѓа по 10 степени , денеска паѓа снег.

Прв пат по повеќе од еесет години падна снег во Лас Вегас . Според метеоролозите , снегот го донел студен воздушен бран , формиран на мала височина.

Предвидуваат дека во среда ќе има нови врнежи од снег во Лас Вегас.

„Само Вистина“ со Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа  Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Ангеловски за писмото од Коневски до Мицкоски: Бидејќи искрено ме интересираат сериозни работи немам време да читам несериозни обраќања на членови на политичка партија.

Јонуз: Секој кој мисли дека има некој кој ќе почне демонтажа на нелегитимната власт е апсурд. Било кој да победи тоа ќе биде плод на исценирана работа или однапред договорена.

Јонуз: Процесот е конструктивен бидејќи за прв пат границите еднаш засекогаш се обезбедени на Република Македонија.  Сите елементи на кои темели спротивната опција кон која клони и Ангеловски се апсурд.

Ангеловски: Не знам дали се лажете себеси или ја лажете целата јавност. Албанците во 1991 го бојкотираа референдумот.

Јонуз: Среќен сум конечно зашто по 27 години државата фати курс во правец  и што нема повеќе да се занимаваме со војводи со Гоце Делчев и Скендербег.

Ангеловски: Зошто ви пречи нашето македонско минато. Зошто со цинизам зборувате за нашите револуционери и за херој на македонскиот народ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

притисни ентер