Две дињи продадени за повеќе од 25000 евра?!

Две „јубари“ дињи , овошје кое е многу ценето во Јапонија се продадени за рекордни 3,2 милиони јена (околу 25000 евра), на аукција во Сапоро.

Во Јапонија за оваа цена може да се купи и нов автомобил. Во Јапонија изгледа дека најмногу на цена од овошјето се дињите, пред две години дињи беа продадени за 3 милиони јена.

Овие две дињи инаку се првите „јубари“, а купени се од локална фирма која се занимава со пакување на овошје.

Јапонците имаат култ кон луксузно овошје, јубари дињите растат на Хокаиду и се заштитен производ.

Инаку во Јапонија и обичното овошје е прилично скапо.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат

 Поради сообраќајна несреќа што се случила патниот правец Прилеп – Битола сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат, информираат од ЈП Македонија пат.  

Екипите на ова јавно претпријатие се на лице место и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.

Кари се искачи на 30. место на листата на најдобри стрелци на сите времиња во НБА

 Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари се искачи на 30. место по бројот на постигнати поени во историјата на НБА.

Триесет и шестгодишниот Американец ноќеска на натпреварот со Њујорк никс постигна 27 поени и сега има 23.360.

Кари го престигна Роберт Периш (23.334 поени) и се искачи на 30,место на вечната листа поентери во најсилната кошаркарска лига на светот.

Најдобар стрелец во историјата на НБА е актуелниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс со 40.179.

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители доделени во Кавадарци

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители беа  доделени синоќа во Кавадарци, настанот го реализираше Општинската организација на Црвен крст од овој град. 

Претседателот на Црвен крст Кавадарци, Димитар Каракулев, потсети дека годинава се одбележуваат 79 години од основањето на Црвениот крст на национално ниво.

- Бележиме врвни резултати. На врвот сме по крводарување во државата, минатата година бевме најдобри по проекти изработени од млади, за промоција на хумани вредности, нагласи Каракулев, споменувајќи дека организираат и нега во домашни услови за стари и изнемоштени лица.

Млади волонтери прочитаа свои литературни творби, а пред присутните се обрати и Перо Николов, советник во Советот на Општината. На сите крводарители, тој им упати честитки и им порача да продолжат, покажувајќи ја хуманоста и солидарноста.

притисни ентер