Трамп: Процесот за денуклеаризација ќе почне многу брзо

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека процесот за денуклеаризација на Северна Кореја ќе започне “многу, многу брзо“.

„Имавме историски состанок, одлучивме да го оставиме минатото зад нас и да потпишеме историски документ“ – изјави Трамп, додека го потпишуваа договорот со Ким Јонг Ун.

Додал дека светот ќе види голема промена.

Откако лидерите го потпишаа непознатиот документ, Трамп изјави дека оствари “посебна врска“ со Ким.

„Ми беше чест да бидам со тебе“ – изјави претседателот на САд.

Додал дека ќе го повика севернокорејскиот лидер во посета на Белата куќа, како и тоа дека повторно ќе се состанат.

„СиЕнЕн“ пренесува дека во документот Северна Кореја се обврзала на целосна денуклеаризација.

Ким Јонг Ун го напушти Сингапур, а претседателот Трамп подоцна ќе им се обрати на медиумите.

Декларацијата содржи четири клучни точки:

1. САД и Северна Кореја посветени се на вопсоставување нови односи меѓу двете земји во склад со желбите на народите на двете држави за мир и просперитет.

2. САД и Северна Кореја заедно ќе работат на изградба на долготраен и стабилен мир на Корејскиот полуостров.

3. Во склад со декларацијата од Панмунџом која е потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува дека ќе работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

4. САД и Северна Кореја се обврзуваат на враќање на воените заробеници и оние кои исчезнале во борбите, што ги вклучува и оние кои веќе се идентификувани во своите земји.

Дали МВР ќе врши претрес и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

МВР и натаму трага по Груевски 

Полицијата вечерва ја продолжи  потрагата по Никола Груевски откако по распишаната потерница не го најде во неговиот дом во два наврати. Последна дестинација каде полицијата вршеше претрес беше околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и подземната гаража каде беа претресувани возилата кои си заминуваа од палатата Христо Татарчев.

Канал 5 има екипа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таму е колегата Михајло Видимлиски.

Столтенберг: Целосно бесмислено е НАТО и ЕУ да бидат противници

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска по повод расправата за формирање на “европска војска“ предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради засилените напори на ЕУ на полето на одбраната....добра работа е доколку европските сојузници имаат поголеми капацитети, доколку подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е тоа дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“ – изјавил Столтенберг на “Форумот НАТО-индустрија“ во Берлин.

Тој оценил дека НАТО и ЕУ “всушност им е потребен еден силен и стручен команден систем“, пренесуваат хрватските медиуми.

„Не можеме да ги делиме ресурсите на половина...за земја како што е Германија би било целосно бесмислено да допушти НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и повеќето членки на НАТО е воедно и членка на ЕУ“ – порачал Столтенберг.

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да бега

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.

Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

притисни ентер