Овошна диета со која за седум дена можете да намалите 5 килограми!

Оваа овошна диета е наменета за 7 дена, а доколку строго се придржувате до начинот на исхрана, можете лесно да намалите и до 5 килограми.

Прв и втор ден од диетата

По будењето: чај од хибискус со мед.

За ручек: 2 банани, 2 смокви и 1 јаболко со јогурт.

За вечера: половина цитрон, 100 грама јагоди.

Еден час пред спиење: неколку сливи и чаша чај

Трет и четврт ден

По будењето, шолја црн чај.

Појадок: чаша мешавина на свежи бобинки и јогурт.

За ручек: неколку мали парчиња од ананас.

За вечера: чај од камилица, еден портокал и еден банана средна големина.

Еден час пред спиење: смути од киви и јаболко.

Петти и шести ден

По будењето: една чаша зелен чај.

Појадок: 2 киви и чаша немастен јогурт.

Ручек: пире од банана и една мала чаша јагоди, сок од јаболко.

Вечера: фрапе од банана и круша.

Еден час пред да одите на спиење: чаша од било кое овошје и чај од нане.

Седмиот ден од диетата поминете го со свежо овошје

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет.

Облечен во негов препознатлив стил, навидум во добра физичка состојба за која рече дека не одраз на здравствените проблеми со кои се соочува, Бојан Јовановски познат како Боки 13 за прв пат се појави пред медиумите откако доби прекин на издржувањето на затворската казна. Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет. Тужбата на бизнисменот Орце Камчев која Основниот граѓански суд ја одби а со која бараше 1, 5 милиони евра од Јовановски и Катица Јанева од Рекет, исказите на Ана и Ратка Камчеви пред тој суд, се доволна причина според него Кривичен да ја повтори постапката за случајот Рекет со што како што вели, јавноста ќе дознае каде завршија парите од Луј Витон чантата.

-На крајот на краиштата сите не занима каде се парите. Одговорот мислам дека многу добро го знае Русковска, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари, а одговорот го знам до некаде и јас зошто сум учествувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам. – Бојан Јовановски – Осуден во случај Рекет

За случајот Рекет Боки 13 доби 9 години затвор, екс специјалната обвинителка Јанева 7 години. Апелација ја потврди пресудата а Врховен суд кој и сега треба да одлучи по барањето за повторување на постапката, еднаш веќе им ги одби жалбите за вонредно преиспитување на пресудата. Јовановски беше првостепено осуден и за случајот Меѓународен Сојуз, но оваа пресуда Апелација ја укина на почетокот на април и го врати предметот на повторно одлучување.

Петрова: Вишиот управен суд оспори преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор

Вишиот управен суд оспори преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор, донесени без врзан потпис.

Од формирање на техничката влада до денот на распишување на изборите, вработени се 1.200 лица на неопределено време, 448 на определено, ангажирани се 1227 лица со договор на дело, а 99мина се унапредени, и сето тоа без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер , за што Вишиот управен суд донел две пресуди со кои се оспоруваат вработувањата. За ова информираше дополнителната заменичка министерка за финансии, Елена Петрова, која нагласи дека сега треба да се води повторна постапка, односно Државната изборна комисија (ДИК) ќе треба да го разгледа секој предмет за вработување поединечно и да донесе одлука.

Врзаниот потпис е предвиден како гаранција дека дискрециските овластувања на министерот нема да се применуваат заради постигнување на политички цели и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.

Претходно Петрова обвини за незаконски вработувања во Министерството за здравство.

притисни ентер