По 23 години Тетово повторно домаќин на Деновите на македонската фотографија

 Со изложба на 101 фотографија од 43 автори, во Тетово се отворени 56. Денови на македонската фотографија. 

Изложбата е поставена во националната установа „Галерија“ во стариот турски амам, а ќе може да се види до четврток. Со ова, по 23 години Тетово повторно е домаќин на наголемата државна изложба на фотографии.

Според претседателот на Фото сојузот на Македонија Боро Рудиќ, 56. издание на Деновите на македонската фотографија е доказ дека оваа манифестација е меѓу најдолготрајните континуирани, без ниту еден прекин манифестации во земјава.

Тој смета дека во услови кога дигитализацијата масовно го зголеми бројот на фотографи и овозможи тие секојдневно да се снимаат, вакви изложби претставуваат мали бисери.

- Со печатењето, авторот го затвора својот авторски чин. Со изборот на хартија, текстура, формат, тоналитет, колорит тој го претставува тоа што го гледа или го има видено во текот на снимањето на фотографијата. Гледачот може да застане прет отпечатеното и да го гледа половина час, да дојде утре и пак да ужива во чувството што му го создава отпечатената фотографија. Тоа е разликата меѓу ова што го гледаме тука, во оваа галерија, и фотографијата што ја гледаме на нашите компјутерски екрани каде со еден клик преминуваме на друга фотографија или некоја информација што ќе ја уочиме во тој момент заборавајќи ја фотографијата во дел од секунда, рече Рудиќ.

Покрај Фото сојузот на Македонија, коорганизатор на Деновите на македонската фотографија е и Фото групата „Чкрап“ од Тетово. Нејзиниот член Зоран Андонов беше дел од тричленото жири за избор на фотографиите од изложбата.

- Жирирањето секогаш се сведува на субјектиниот поглед кон естетиката на фотографијата. Јас, Раде Луковиќ и Филип Филиповиќ моравме да прегледаме и оцениме над 300 фотографии од 64 автори кои пристигнаа за годинашниве Денови на македонската фотографија и да го одбереме тоа што според наше мислење е најдоброто за оваа манифестација. За некои фотографии долго дискутиравме, разменувавме аргументи за и против но за некои добри фотографии сите тројца бевме едногласни. Особено за оние што ги добија наградите. Како жири бевме исклучително задоволни што годинава пристигнаа и многу извонредни фотографии особено од млади автори кои допрва ќе се афирмираат на полето на фотографијата во Македонија, изјави Андонов.

Наградените фотографии беа поделени во три категории при што кај поединечната фотографија во сениорска конкуренција првата награда ја доби Драги Неделчевски од „Чкрап“, во истата категорија во младинска конкуренција првонаграден е Стефан Ѓоргиевски од Фото кино клубот Битола, а во категоријата колекција фотографии, првата награда ја доби самостојниот автор Дејан Колевски.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

притисни ентер