Сончево, температура до 32 степени, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. 

Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен. /МИА

Пендаровски во Прилеп: Не смееме да дозволиме да се вратиме назад во времето на Груевски

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во Прилеп потсети на времето на Груевски и рече дека не смееме да се вратиме назад.

Пендаровски ги повика прилепчани да гласаат во вториот круг на изборите за него, зашто само со концептот Зедно може да се оди напред кон ЕУ и НАТО.

Големи шумски пожари пустошат низ Норвешка (ВИДЕО)

Стотици луѓе се евакуирани од домовите поради големите шумски пожари на северот на Норвешка.

Само во малото гратче Сокндал се евакуирани 150 домаќинства , каде пшожарот во тој регион беснее од вчера. Пожарникарите велат дека пожарите и натаму се надвор од контрола , поради силниот ветар што го разгорува.

Норвешките власти се загрижени поради пожарите , не само за уништените големи површини под шума , туку зашто никогаш претходно немало шумски пожар во овој период од годината , особено на северот , каде претходните години се уште имало снег.   

Оштетени голем број објекти при деактивирање на бомба од Втората светска војна

Во германскиот град Регенбург денеска беше деактивирана биомба од Втората светска војна на самото место .

Неколку илјади жители во тој дел на Регенбург биле евакуирани , пред да се изврши контролираната детонација на бомбата тешка 250 килограми. Од полицијата соопштуваат дека при детоинацијата на бомбата се оштетени голем број станови и фасади на деловни и стопански објекти во околината.

Бомбата била најдена во близина на пристѕаништето на реката Дунав , а експлодирала во раните утрински часови . Поради оштетениот дел за активирање , не било возможно бомбата да се пренесе на друго место , а детонацијата се слушнала во целиот град.

Жителите негодуваат зашто речиси секојдневно при градежни работи се наоѓаат неексплодирани бомби од Втората светска војна.

притисни ентер