Во Њујорк во 16.30 по македонско време почнува новата преговарачка рунда

Министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас попладнево во Њујорк ја почнуваат новата рунда преговорите

Со целосно спротивставени позиции, министрите Димитров и Коѕијас ја почнуваат новата рунда преговори во Њујорк. Македонската страна е уверена дека последниот предлог Република Илинденска Македонија сепак ќе најде место на маса. За Атина пак, предлогот не е во игра и фокусот го враќа на стариот пакет од 4 имиња на медијаторот Нимиц. И Димитров и Коѕијас последните пораки ги испратија синоќа по одвоените средби со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. Македонскиот министер само кусо посочил дека со визија и лидерство на двете страни постои историска шанса да се затвори повеќедеценискиот историски спор. Коѕијас пак, е воздржан оптимист. Прашан дали преговорите навистина се на крајот од патот, како што тврдела, македонската страна, тој е дециден – не останува ништо друго, освен Скопје тоа да го докаже на преговорите.

-Другата страна треба да покаже прагматизам и реализам за да најде решение. Решенија се решенијата со компромис. Направивме синтеза од сите предлози, но прашањето за името останува отворено. Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите. Преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и оние техничките групи, изјави Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Грција.

Дека за спорот за името во Њујорк, постои голем интерес и меѓу странските новинари, покажа дневниот брифинг, одржан од портпаролот на Гутереш.

Дали сега имаме договор меѓу Македонија и Грција за спорот за името? За името на државата, на нацијата, како ќе ги ословуваме нив и јазикот?

-Овие дискусии се во тек. Како што знаете, Г-н Нимиц е вклучен во ова подолго време. Кога ќе имаме договор, ние секако ќе соопштиме. Но, во овој момент јас немам што да објавам, изјави Стивен Дијариќ, портпарол на Генералниот секретар на ОН

Преговорите за името денеска и утре, повторно се вратија во Њујорк, таму каде што и почнаа во јануари. На првата средба, со која и формално беше возобновен процесот, тогаш со преговарачите Наумовски и Василакис, Нимиц оптимистички соопшти дека на повидок е решение на спорот. Од тогаш поминаа четири месеци, а епилогот е се уште неизвесен.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

притисни ентер