ТВ Дуел Заев - Мицкоски: Потребно е време за целосно ослободување на судството

Внатрешната и надворешната политика , преговорите за името , економијата се дел од темите на кои дебатираат премиерот Зиоран Заев и претседателот на ВМРО- ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на ТВ дуелот на јавниот сервис .

,,Верувам дека граѓаните на Македонија заслужуваат да добијат отворени судски постапки, а тоа ќе биде и најсериозниот симболичен дел на реформите во правосудството, затоа што во нашето правосудство богови во постапките се доказите. Ако ги нема никој не е виновен. Ако ги има секој има да одговара за тоа што се огрешил пред законот, рече премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според премиерот, денес отворено се зборува за се, така и за она што се случува во правосудството во државата.

,, Јас верувам дека не е сјајно, се уште нема никакви кадровски промени во судството. Тоа се минимални, минорни, се работи за исти луѓе што веројатно треба и најголемата реформа да ја направат во својата глава, почнувајќи од нас политичарите, правосудството па дури и медиумите, државната администрација, бизнис заедницата сите. Реформите верувам дека правно формално ќе ги средиме со законите, но нивната имплементација зависи од луѓето. За да имаме квалитетни имплементации мораме да имаме транспарентност, отвореност, достапност до јавноста и граѓаните. Сите на крајот им служиме на граѓаните, рече Заев.

Тој се осврна и на постапката која се водеше против него за случајот „Поткуп“ за што судот изрече ослободителна пресуда.

,,Постапката што се водеше против мене буквално беше отворена за граѓаните, ја следеа отворено. Така беше и против поранешниот премиер Груевски, против други случаи каде што јавноста сака да има посветеност и внимание. Тоа вие новинарите го оценувате, таму сте, во самите судници, некогаш со камерите, некогаш директно, на порталите може  да прочитате се. Јас верувам дека македонското правосудство е на добар пат да биде независно и да дели правда. Законот во Македонија да важи еднакво за сите, рече Заев. 

Мицкоски реплицираше дека се во целосно нерамноправна положба со претседателот на Владата затоа што, како што посочи, трипати бил помилуван за криминал - еднаш од страна на поранешниот претседател на државата за случајот Глобал во Струмица, вториот пат од страна на СЈО за случајот Пуч. Посочи дека иако било ветувано не биле пуштени снимките за Поткуп пред новинарите и оти ако имало независно судство тој ќе бил осуден за поткуп.

,,Независноста во судството е клучната реформа. Сега имаме позависно и позаробено судство од било кога во Македонија претходно. Имаме премиер на држава кој ги погодува пресудите, кој кажува дали ќе биде ослободен, рече Мицкоски.

Заев обвини дека опозицијата не смогна сили да се огради од настаните од 27 април.

- Се надевам дека вакви лузни на челото никогаш повеќе македонски политичар нема да има во Македонија. Никогаш да не се повторат. Се уште ги поддржувате ваквите политики, не смогнавте сили ниту еднаш да се оградите од ваквите политики. Не треба никој да има вакви лузни. Барем да се оградевте од таквите политики, од тоа насилство коешто се случи врз македонски политичари, а не треба да се случува ниту врз граѓани. Ова е црното петно на Македонија, рече Заев.

Според него, нема повреда на човекови права или права на пратеници при спроведување на постапката затоа што МВР постапува по судски налог согласно правилник којшто јасно пропишува како се постапува.

,,Јас почитувам дека правобранителот има став, но повикувам да се отворат постапки. Ако некој се огрешил при спроведувањето треба да одговара за пример. ВМРО-ДПМНЕ имаат можност да отворат вакви постапки, секогаш може тоа да го направат. Ако има грешка во постапката тој што згрешил треба да си понесе одговорност, рече Заев. 

Дали МВР ќе врши претрес и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

МВР и натаму трага по Груевски 

Полицијата вечерва ја продолжи  потрагата по Никола Груевски откако по распишаната потерница не го најде во неговиот дом во два наврати. Последна дестинација каде полицијата вршеше претрес беше околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и подземната гаража каде беа претресувани возилата кои си заминуваа од палатата Христо Татарчев.

Канал 5 има екипа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таму е колегата Михајло Видимлиски.

Столтенберг: Целосно бесмислено е НАТО и ЕУ да бидат противници

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска по повод расправата за формирање на “европска војска“ предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради засилените напори на ЕУ на полето на одбраната....добра работа е доколку европските сојузници имаат поголеми капацитети, доколку подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е тоа дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“ – изјавил Столтенберг на “Форумот НАТО-индустрија“ во Берлин.

Тој оценил дека НАТО и ЕУ “всушност им е потребен еден силен и стручен команден систем“, пренесуваат хрватските медиуми.

„Не можеме да ги делиме ресурсите на половина...за земја како што е Германија би било целосно бесмислено да допушти НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и повеќето членки на НАТО е воедно и членка на ЕУ“ – порачал Столтенберг.

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да бега

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.

Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

притисни ентер