„Тенк“- Груевски осуден на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес

Кривичниот суд пресуди две години затвор за екс премиерот Никола Груевски во случајот „Тенк“, за примање на награда и противзакониот влијание во набавката на луксузниот мерцесдес.

На шест и пол години е осуден и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Рјабков: Евентуалното распоредување нуклеарно оружје во Полска ќе биде легитимна воена цел

Евентуалното распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија.

Евентуалното трајно распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Во изјава за руските медиуми Рјабков наведе дека заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност.

Полскиот претседател Анджеј Дуда неодамна изјави дека полските власти се подготвени да примат американско нуклеарно оружје на своја територија.

-Сите политичари кои зборуваат за таква опција во и надвор од Полска треба да знаат дека каков било чекор во таа насока нема да придонесе за безбедноста на Полска и соодветните објекти неизбежно ќе бидат цел, рече Рјабков. /МИА

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј

 Пет тинејџери се обвинети за терористички дела во тековната истрага за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј на 15 април, соопшти денеска австралиската федерална полиција (АФП).

- Пет малолетници се обвинети додека Заедничкиот тим за борба против тероризмот (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црквата во Вејкли, се вели во соопштението на АФП.

Повеќе од 400 полицајци од државната и федералната полиција синоќа извршија 13 налози за претрес низ Сиднеј. Уапсени се седум млади мажи. Уште пет лица, меѓу кои двајца мажи и тројца тинејџери, и помогнале на полицијата во нивните истраги, се вели во соопштението.

Седумнаесетгодишно момче и 14-годишно момче се обвинети за поседување или контролирање на насилен екстремистички материјал.

Две 16-годишни момчиња се обвинети за заговор да се вклучат во каков било чин во подготовка или планирање на терористички акт, додека друго 17-годишно момче е обвинето за заговор за вклучување во чин во подготовка или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место.

Во полициската акција запленети се и голем број предмети, меѓу кои и електронски материјал.

Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за терористички чин во врска со прободувањето со нож во црквата Christ The Good Shepherd во Вејкли, западен Сиднеј, на 15 април.

Еден 53-годишен маж се здоби со тешки повреди на главата, додека 39-годишен маж се здоби со расекотини и рана на рамото кога се обидел да интервенира.

Уапсено е 16-годишното момче, кое беше совладано од присутните очевидци.

Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања, да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа. /МИА

Авиокомпанијата Боинг во првиот квартал од 2024 со помали загуби од очекуваните

Американската авиокомпанија Боинг соопшти дека загубила 355 милиони долари во првиот квартал, или 56 центи по акција, што е намалување од загубата од 425 милиони долари или 69 отсто по акција една година претходно.

Со исклучок на еднократните ставки, вклучувајќи ги и трошоците за пензија, компанијата загуби 388 милиони долари или 1,13 долари по акција.

Приходите паднале за осум проценти на 16,57 милиони долари, малку повеќе од проценките на аналитичарите.

Резултатите не се охрабрувачки, но сепак се малку подобри во споредба со прогнозата на агенцијата LSEG, која предвиде приход од 16,23 милијарди долари и прилагодена загуба од 1,76 долари по акција.

Извршниот директор на Боинг, Дејвид Калхун, рече дека компанијата е во „тешко време“ бидејќи мораше да го намали производството и испораките по серијата инциденти кои открија сериозни проблеми со авионите на Боинг.

Според него, компанијата сега е фокусирана пред се на безбедноста и подобрување на синџирот на производство. Калхун претходно најави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на компанијата до крајот на годината.

Боинг има проблеми со своите авиони повеќе од пет години, вклучително и две фатални несреќи на Боинг 737 Макс во 2018 и 2019 година во кои загинаа 346 луѓе. /МИА

притисни ентер