Родители преку суд го бркаат од дома нивниот 30 годишен син

Мајка и татко од Њујорк решиле по секоја цена да го избркаат од дома нивниот 30 годишен син и да го натераат да живее самостојно.

Кристина и Марк  го тужет синот Мајкл Ротондо поради тоа што не им плаќа кирија и не придонесува кон семејниот буџет иако има 30 години . Тие дури и му дале 1100 долари за да си замине од дома и да се смести на друго место .

Но, синот продолжил да живее со родителите. Мајката и таткото на неколку пати му испратиле и судски опомени за иселување , кои Мајкл ги игнорирал .

Кон крајот на месецот родителите ќе го дадат случајот на нивниот син на Врговниот суд и тоа на само неколку недели пред 31 роденден на нивниот син .

Син на милијардер осуден за монструозно убиство

Блејк Лејбел , син на канадски милијадер е осуден за монструозно убиство на сопствената девојка.

Блејк Лејбел е осуден во јужна Калифорнија за убиството на неговата девојка , Иана Касиа. Поротата го осудила 37 годишниот Лејбел , кој ја убил и сакател девојката , која само неколку недели претходно му родила дете.Нему му се заканува казна доживотен затвор без можност за помилување , иако обвинителството даде предлог и за смртна казна.

Лејбел ја сакател и убивал 30 годишната девојка според ликот во неговиот стрип . Тој , како автор на стрипот ,,Синдром “  , го најавил бруталното убиство . На три недели од раѓањето на нивната ќерка , синот на милијардерот ја сакател девојката , а додека таа трпела невидена болка ,ја одржувал во живот.

Злосторството се случило во мај 2016 година , а судот во Лос Анџелес вчера го прогласи за виновен. Полицијата го нашла голото осакатено тело на Иана во стан во Холивуд , а Лејбел стоел покрај неа. Убиството го пријавила нејзината мајка , која не можела да стапи во контакт со ќерката.

Случајот предизвика огромно внимание и во Канада , бидејќи таткото на убиецот е поранешен Олимпиец , кој по завршувањето на спортската кариера зареаботи огромно богатство во бизнисот со недвижности.

Современа блогерка живее гола во џунгла

Австралиската блогерка позната под името ,,Банана девојка”реши да избега од цивилизацијата .

Фрили заедно со нејзиниот дечко заминаа во џунгла во Јужна Америка , каде секојдневно објавува постови на Инстаграм во кои нејзините фанови ги учи на здрав живот. Таа вели дека престанала да се шминка и да се депилира и заштедила за шест месеци 4 000 долари.

Таа е позната по советите за веганска исхрана , за состојките за смути , а сега објаснува како е да се биде гола во природа. Таа на своите фанови , кои и замеруваат што е гола на секоја фотографија им одговара дека и натаму ќе се слика гола , зашто не носи гардероба , обувки , не се шминка . ,, Да , гола сум во шума . Сега се чуствувам добро . “ , вели блогерката .

Оваа 37 годишна Австралијка вели дека избергала од животот од девет до 17 часот и дека телото сега и се чуствува ослободено . Се капи во монсубнските дождови и пие вода од извор , вели ,,Банана девојката “, која на социјалните мрежи освен  рецепти за здрава исхрана како досега , споделува и совети за преживување во дивина.

Атрактивна Косовка го запали асфалтот во Њујорк (ФОТО)

Пејачката од Косово , Дуа Липа на улиците на Њујорк се појави во фустан под кој не носеше ништо.

Пејачката Дуа Липа се појави во Њујорк во фустан на точки под кој не носи ништо. Таа стана позната во светските таблоиди по скандалот со дечкото Исак Кареу , кој и покрај фотографиите , тврдеше дека не ја изневерува . Дуа му поверува на збор и продолжи со врската.

За да го прослават смирувањето , во средата двојката беше дел од забавата на списанието W во Њујорк. Но , таму никој не го забвележа пејачот , зашт очите беа вперени во Дуа , која имаше голем изрез на фустанот , под кој не носеше ништо.

Фотографите внимаваа на секое нејзино движење , па далеку помалку забвележани од фусдтанот поминаа жолтата беретка и високите сандали.

притисни ентер