Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

Пресврт во ,,случајот Икарди” – доби понуда што не се одбива

Мауро Икарди минатата недела остана без капитенската трака во Интер , најверојатно поради трансфер во Јувентус.

Меѓутоа заминувањето на Аргентинецот во Торино нема да се случи. Претседателот на Интер, Стивен Жанг, тврди дека нема никаква шанса Икарди да замине во тимот на најголемиот конкурент.

,, Во фудбалот не можете никогаш да кажете дека нема да работите со Јувентус , но во овој конкретен случај нема шанси Икарди да замине во Јувњентус” , изјави Жанг по состанокот на управата на Интер.

Вели дека целта на клубот е да го задржи својот најдобар играч. Италијанските медиуми јавуваат дека Интер му понудил на Икарди рекордна сума за договор до 2024 година.

Му нудат 7 милиони евра , што е за 2,5 милиони повеќе отколку сегашниот договор. Има само еден услов – нема оштетна клаузула за да не може Икарди да избега од клубот во случај на незадоволство.

Спортски новинар на само неколку сантиметри до сигурна смрт (ВИДЕО)

Спортскиот новинар Пјер Мекгвајер од телевизиската мрежа НБЦ , денеска го слави новиот роденден , откако за само неколку сантиметри остана жив.

Пренесувајќи хокераски натпревар , пакот со огромна брзина помина на само неколку сантиметри пред неговата глава и удри во плексигласот . Плочката со која се игра хокет тежи само 170 грама , но лета со брзина од 170 км/час.

Се смета дека нема никакви шанси да се преживее удар со пак , зашто брзината при ударот е како куршум испален од пиштол .

Последниот несреќен случај е забележан во 2002 , кога од удар со пак загина 14 годишно девојче , кое по два дена требало да го прослави роденденот на хокејашки натпревар во Колумбус , Охајо. Британи Никол Сесил навивала на трибините , кога ја погодил пакот , по што останала на место мртва.

Од тогаш е сменета регулативата и се поставуваат задолжителни високи огради околу хокеашките терени во САД.

Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист на светот (ВИДЕО)

Првиот рекет во светот , Новак Ѓоковиќ ја доби престижната титула на најдобар спортист минатата година , на свеченоста во Монте Карло.

Ѓоковиќ пред малку ја доби наградата Лауреус , која важи за спортски Оскар. Ова му е четврта ваква награда во кариерата , доделена за најдобри спортски резултати во 2018.

Во конкуренција за наградата беа и Лука Модриќ , Ле Брон Џејмс , Луис Хамилтон , Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот , додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.

притисни ентер