Се продлабочуваат недоразбирањата меѓу Техеран и Вашингтон

Иранскиот претседател Хасан Рохани  потврди дека Техеран не прифаќа соединетите американски држави да носат одлуки за него.

Неговата реакција следи откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави услови до Иран и објави построги санкции врз таа земја. „светот денес не прифаќа сад да решаваат за него.

Земјите имаат своја независност“, рече Рохани, прашувајќи: „кои сте вие да решавате за Иран и за светот?“.

Помпео претходно информира дека Вашингтон ќе воведе најстроги санкции во историјата и оти тие ќе стануваат се потешки се додека иранскиот режим не го „смени курсот“. Пред две недели американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон се повлекува од нуклеарната спогодба со Иран.

Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласови разлика

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Димитриевски: Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја

Прес конференција одржа претседателскиот кандидат Максим Димитеиевски и претседатле на ЗНАМ.

Димитриевски рече дека денеска се роди третата политичка сила во државата со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бидаат нешто ново.

Се продава омилената Honda NSX на легендарниот Аиртон Сена (ВИДЕО)

Наскоро ќе се навршат 30 години од трагичната смрт на Аиртон Сена, а во оваа прилика на продажба пристигна неговиот омилен личен автомобил.

Легендарниот Ф1 пилот ја обожаваше Honda NSX, во чиј развој и тој лично учествуваше. Познат и како јапонско Ферари, NSX е сигурно најдобрата Хонда на сите времиња, а според многумина, најдобриот јапонски суперспортски автомобил.

Затоа, не е чудно што Сена имаше три примероци. Најпознатиот, кој се појавува и во документарниот филм Racing Is In My Blood, убав пример кој го поминал животот на португалските патишта, сега го нуди Auto Trader, а автомобилот се продава за 500.000 фунти.

За оваа не мала сума добивате повеќе од автомобил. Тоа е уникатно парче од историјата и веројатно најпрепознатливиот артефакт на легендата на Ф1. Овој болид го возеше трикратен шампион во Формула 1 кој победи на 41 Гран При и беше инспирација за многу возачи денес, вклучувајќи го и Луис Хамилтон. Загина трагично на 1 мај 1994 година на Големата награда на Сан Марино.

Сегашниот сопственик Роберт Мекфаган го купил NSX во Португалија и оттогаш се грижи и го разгалува. Автомобилот поминал околу 63.000 километри, а единствениот услов на продавачот е автомобилот да биде предаден во август по изложбата на Сена во Силверстоун.


притисни ентер