Сторија на Канал 5: Зошто неврохирузите не го дале ветеното конзилијарно мислење?

15 –годишно момче го очекува операција од тумор, од која му зависи животот. Од Клиниката за неврохирургија, прво му ветиле конзилијарно мислење, па потоа се предомислиле и решиле самите да го оперираат. 

Златното момче од Специјалната Олимпијада, 15 годишниот Филип Петровски чека виза за живот. За неговата судбина зборуваше неговата мајка со надеж дека денешниот полуматурант, за четири години ќе слави матура. На својата пет годишна возраст ја добива дијагнозата тумор. Со операција е изваден дел. По десет години потребна е нова операција, но хирургот кој го оперирал заминал во приватна болница. Докторите од неврохирургија на почетокот рекле дека треба истиот да го оперира за потоа да не дозволат конзилијарно лекување.

Семејството нема пари, а сега ниту верба со променливите ставови на докторите. Операцијата во приватната болница чини 7 илјади евра. Без конзилијарно мислење од неврохирургија не може од фондот да обезбедат пари. Секој ден е важен, бидејќи туморот влијае и на центарот за дишење.

Петровски бараат помош за донација во семејството работи само таткото на Филип. Донациите може да се дадат на жиро сметка

Стопанска Банка

200001687143884

Томче Петровски

Почнаа изборите во Индија - се гласа до 1 јуни, право на глас имаат 968 милиони луѓе

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори со најголем број гласачи во светот, а премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да добие трет мандат.

Главниот ривал на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на Моди е коалицијата „Индија“ на Рахул Ганди.

Парламентарните избори во Индија ќе траат до 1 јуни, а право на глас имаат 968 милиони луѓе.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори БЈП освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски гласачки машини, а за да се обезбеди сигурност гласањето се одвива во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за извршителите, брзите кредити и должничкото ропство“

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола. 

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

- Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција.

Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. - нагласи Глигорова.

- Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

притисни ентер