Владата одговори Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое ги задоволува двете страни

Македонската Влада останува на предлогот Република Илинденска Македонија  бидејќи е име со  временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис.

 Кој ги задоволува двете страни, стои во соопштението испратено по одбивањето на предлогот од Грција. Владата ќе ги продолжи разговорите со грчаката се до изнаоѓање дефинитивно решение на 25-годишниот спор.

-Со ова име, се прави целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации према ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Тоа е истата борба, и во 1903 и во 1944 година. Република Македонија и граѓаните на Република Македонија немаат никакви територијални претензии и ги потврдуваат неменливоста на границите и почитувањето на наследството на грчкиот народ и Грција.

Вчера на лидерската средба премиерот Заев изјави дека Република Илинденска Макдонија е решение кое води напред и побара поддршка од граѓаните.

Опозицискиот лидер Мицковски рече дека не прифаќаат промена на Уставот....

Претседателот Иванов побара договорот да му биде доставен во писмена форма.

Американскиот потпретседател Мајкл Пенс во телефонскиот разговор со  грчкиот премиер Алексис Ципрас.– го охрабрил да продолжи да работи со премиерот Заев за взаемно прифатливо решение. Пенс и Ципрас се согласиле дека пред Атина и Скопје се отвора „историска можност да го решат ова прашање“ и оти „времето е од големо значење“.

Решавањето на овој спор ќе помогне за стабилноста и мирот во регионот, стои во соопштението на Белата куќа.

Дали МВР ќе врши претрес и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

МВР и натаму трага по Груевски 

Полицијата вечерва ја продолжи  потрагата по Никола Груевски откако по распишаната потерница не го најде во неговиот дом во два наврати. Последна дестинација каде полицијата вршеше претрес беше околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и подземната гаража каде беа претресувани возилата кои си заминуваа од палатата Христо Татарчев.

Канал 5 има екипа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таму е колегата Михајло Видимлиски.

Столтенберг: Целосно бесмислено е НАТО и ЕУ да бидат противници

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска по повод расправата за формирање на “европска војска“ предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради засилените напори на ЕУ на полето на одбраната....добра работа е доколку европските сојузници имаат поголеми капацитети, доколку подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е тоа дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“ – изјавил Столтенберг на “Форумот НАТО-индустрија“ во Берлин.

Тој оценил дека НАТО и ЕУ “всушност им е потребен еден силен и стручен команден систем“, пренесуваат хрватските медиуми.

„Не можеме да ги делиме ресурсите на половина...за земја како што е Германија би било целосно бесмислено да допушти НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и повеќето членки на НАТО е воедно и членка на ЕУ“ – порачал Столтенберг.

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да бега

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.

Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

притисни ентер